Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како до Совршено Тело до почетокот на Летото

Тајната за прекрасно тело се крие во истрајноста и дисциплината. Поради тоа доколку сакате да постигнете прекрасна фигура, потребна ви е мотивација и искрена желба за губење на килограмите. Здрава исхрана и редовно посетување на Фитнес Центар – Гладијатори 3, најмногу ќе придонесе за ваше слабеење. На тој начин што вие ќе се чуствувате поздраво, самоуверени и полни со енергија. Се што е потребно е да бидете спремни за промени и искрено да сакате да го подобрите вашиот начин на живот.

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652


За да си го олесните патот до губењето на килограмите, ви представуваме неколку совети до кои е добро да се придржувате.


1. Избегнувајте пијалоци кои содржат шеќер. Слатките сокови само му наштетуваат на вашиот организам и ве дебелеат, поради тоа пробајте постепено или моментно да ги исфрлите од секојдневната употреба.


2. Избегнувајте сосови. Иако многу од нив се доста вкусни и совршено се вклопуваат со многу јадења и грицки, сепак содржат голем број на непотребни калории.


3. Внесувајте барем 25 гр. Диетални влакна дневно. Грав, интегрални житарици, овошје и зеленчук се одличен извор на диетални влакна од кои можете да ја добиете потребната дневна доза. Диеталните влакна се одлични бидејќи ја подобруваат работата на органите за варење на храната, а од нив долго време се чуствувате сити.


4. Спремајте ја вашата храна сами. На овој начин самите ќе ги контролирате состојките на јадењето и големината на порциите.


5. Избегнувајте 3 работи кои ја нарушуваат диетата. Нападот на гладот, прво и основно никогаш не дозволувајте да се прегладнувате. Специјални прилики, доколку сте во ситуација на некоја прослава, славете на тој начин што нема да претерувате во храната и пијалоците. Враќањето на килограмит, доколку престанете да водите сметка за вашата исхрана и редовното вежбање, сосема е нормално да се вратат одредени изгубени килограми. Немојте тоа да ве демотивира.


6. Калоричната храна држете ја подалеку од себе. Најдобар начин да избегнувате високо калорична исхрана е воопшто и да ја немате во вашата куќа. На тој начин најлесно е да се оддолее.


7. Забавувајте се и водете сметка. Пред да навалите на исхраната, најпрвин одделете се од масата и почекајте барем 15 мин. Тоа ќе ви даде на време да сватите дали сте навистина гладни или несте. Кога ќе седнете да јадете немојте да дозволите компјутерот, телевизорот или весниците да ви го одвлекуваат вниманието. Така ќе бидете подполно свесни за секој ваш залак.

 

Продавница Гладијатори 1 – ул. Далматинска бр.8 (Стара Чаршија) Битола тел: 047 241588 моб: 071 309454

Продавница Гладијатори 2 – ул. Васко Карангелевски бр. 60-1/4 (Градски Реонски Пазар) Битола тел: 047 252109 моб: 071 309459

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652

 

Продавница Гладијатори СКОПЈЕ – ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 18/4 (спроти Грчка Амбасада) Скопје тел: 02 6090440 моб: 072 274259

Tyxo.bg counter