Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како ефективно и здраво да го намалите холестеролот?

Зголеменото ниво на холестерол во крвта не е секогаш поврзанo со зголемената телесна тежинa, велат научниците и додаваат дека процентот на холестерол во крвта може ефикасно да се намали со растителни препарати и со одреден диететски режим на исхрана.

Британските научници понудија неколку совети со кои процентот на холестерол во крвта ќе можете драстично да го намалите: 

Мешан чај: 10 гр. кора од бела бреза и 10 гр. сушени листови од јасен се ставаат во еден литар студена вода, се вари 5 минути да зоврие, се остава да отстои 5 минути и се прецедува. Напивката се распоредува во текот на денот, а првата чаша се пие на гладно.

Чај од артичока: 20 гр. сушени листови се ставаат во еден литар студена вода, се варат 10 минути, се трга чајот од шпоретот и после 5 минути се прецедува. Се пие по три шолји дневно.

Чај од бела бреза: 25 гр. листови се попаруваат со жешка вода и се остава да се излади. Тогаш се прецедува и пие. Се пие по три шолји дневно.

Чај од глуварче: 100 гр. корен се става во еден литар вода, се вари 10 минути и се прецедува. Чајот се пие во текот на денот.

Вино од артичоки: 80 гр. сушени и истолчени листови од артичока се чуваат две недели во еден литар црно вино, потоа се прецедува. Во текот на 20 дена се пие по една чаша после ручек.

Вино од рузмарин: 40 гр. сушени врвови од млади гранчиња во цвет се чуваат 3 - 4 дена во еден литар црно вино, потоа се прецедува. Се пие 20 дена по две чаши.

Десет дена секојдневно да се пие сок од 1,5 кгр. грозје.

Сокот од лимон првиот ден разблажен со вода. Секој нареден ден дозата се зголемува за половина лимон, а после две недели повторно се намалува дневната доза за половина лимон.

Додаток на јадењата: Црн патлиџан, масло од пченка, масло од сончоглед и масло од соја. Свеж рендан целер се јаде меѓу оброци.

 


Tyxo.bg counter