1 Калорија претставува количина на енергија/топлина, која ја зголемува температурата на 1грам вода за 1 целзиусов степен, калорија = 4,184 џули.
1 грам јаглехидрати = 4 калории
1 грам протеини = 4 калории
1 грам масти = 9 калории
е основниот состав на нутритивната вредност на храната, па доколку знаете колку јаглехидрати, протеини и масти содржи она што го јадете и колку количински од тоа ви е потребно, па да додадеме и која кобминација е најдобра, тогаш нема да имате никаков проблем со телесната тежина.
Пр: 100 гр. овес има 162 калории енергетската вредност и тоа, 2 гр. масти, 4 гр. протеини и 32 гр. јаглехидрати.
Со помош на горенаведената поделба е многу лесно за пресметување.
Нашето тело ги согорува калориите преку метаболитички процес, каде ензимите ги разложуваат јаглехидратите во глукоза и други шеќери, мастите во глицерол и во масни киселини, а протеините во аминокиселини. Овие молекули се пренесуваат преку крвотокот каде што се носат во клетките и се претвораат во енергија за извршување на основните телесни функции.
Сигурно сте виделе на некој производ % на калории кој се однесува на диета од 2000 калории. Оваа бројка е само груба претпоставка за личноста што мора да изеде за еден ден, а вистинската потреба зависи од тежината, полот, возраста и нивото на активност. Постојат 3 главни фактори во пресметувањето на дневните потрби: