Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Камилицата е лек за сè

Ретко да има кујна во која не може да се најде барем една кутија во која се чуваат сушени цветови од нежното растение кои расте на нашите простори. Сепак, малкумина знаат колку навистина камилицата е здрава. 

Камилицата во нашиот регион е синоним за чај . Ако погледнете кои сè лековити својства ги има оваа билка , не е ни чудо што е така. 


Во прашање е едногодишна, мала билка. Таа расте до висина од 10 до 30 см. Препознатлива е по своите ситни бело-жолти цветови и пријатниот мирис. Расте по полињата и крај патиштата, а може да се види скоро на секоја ливада. 

Оваа лековита билка го подобрува варењето на храната, ја намалува температурата, ја ублажува болката, ги смирува грчевите, , го намалува осипот, ги смирува изгорениците, конјунктивитисот, дерматитисот, ја ублажува депресијата и олеснува раздразливоста, ја олеснува мигрената и тешкотиите од климаксот, ги лечи акните, дава чувство на внатрешна рамнотежа.

Таа исто така е многу добар лек за смирување. Редовното пијте го овој чај и ќе ја почувствувате промената. За возрасни чајот се подготвува така што една лажичка камилица ќе ја прелиете со два дц. литри вода и оставете го поклопен 15-тина минути. Доколку сакате посилен чај, тогаш исцедете го по еден час.

Ако имате проблеми со кожата или едноставно сакате убава и негувана кожа тогаш барем еднаш неделно е доволно да се измиете со чајот од камилица.

Кај проблемите со опаѓањето на косата, за плакнење користете чај од камилица. Подгответе го така да четири лажички од цветот на камилицата ќе ги прелиете со литар врела вода, а по десет минути ќе го исцедите и ќе почекате да се олади до температура која ќе ви биде погодна да ја исплакнете косата. 

Камилица се користи за помош кај менструалните тегоби. Болките можете да ги ублажите со облоги. Нив ги правиме така што голема лажица од камилица ја прелиеме со ¼ литар врело млеко, го процедиме и топлите облоги ги ставаме на стомакот. Болките брзо ќе исчезнат. 

Екстрактот од камилица и масло се употребува во козметиката како најважна состојка за изработка на високо квалитетни препарати за нега на кожата.

 


Tyxo.bg counter