Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кардио тренинг на празен стомак и согорување на масти!

Едно од најчесто поставуваните прашања: Дали правење кардио (аеробични вежби) на празен стомак е најоптимално за согорување на мастите? Идејата доаѓа од бодибилдерските кругови, во нивниот случај е во тоа што иако имаат ниско ниво на масти тие сакаат да согорат уште повеќе масти. На кратко одговорот на ова прашање е: важноста на утринско кардио на празен стомак зависи од моменталниот процент на телесните масти! 

 

 

 

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652


Кога зборуваме за губење масти, тогаш станува збор за три главни чекори:

- Мобилизација

- Трансфер

- Оксидација (согорување)

- Мобилизација значи дека залихите на телесните масти (масни киселини) од масните клетки, со овој процес управуваат хормоните, инсулин и катехоламин, меѓутоа и хормонот за раст, кортизол исто така има важна улога во ова.

- Трансфер зборува за транспорт на масните киселини (во албумин) во крвта. Ова може да биде проблематично во случај на тврдокорните масти, кои се јавуваат најчесто кај мажите во пределот на стомакот и грбот, како и со жените во колковите и бутовите. На овие локации, циркулацијата на крвта не е оптимална.

- На крајот е Оксидација, вистинско внатрешно согорување (горење) на масните киселини во овие ткива, како што се мускулите, црниот дроб и срце.

Кај послабите луѓе (мажи со 12-15% телесни масти, а жени со 19-22%) мобилизацијата на масти веќе станува проблематична, а циркулацијата на крвта е исто така под знак прашалник. Како луѓето да стануваат се подефинирани, телото се прилагодува, а масните клетки се потешко лачат масни киселини. Во најголем дел чекорот оксидација не е тесно грло, но постојат и стратегии кои тоа го подобруваат (на пример, осиромашување на јаглените хидрати во мускулите – Ultimate Diet 2.0).

Во друга крајност се дебелите луѓе, кај кои има обратен проблем (јас зборувам за оние мажи кај кои процентот на телесните масти е над 35%, а кај жените преку 40%). Во нивниот случај постои голема количина на слободни масни киселини во крвотокот, но поради некоја причина, нивнито внатрешно согорување (инсинерација) е со намален интензитет.

Додека оние кои се наоѓаат помеѓу опишаните крајности нема проблематични прашања (кај машките вредностите се од 15-35%, а кај жените 20-40%). Мобилизацијата не е проблем, бидејќи телото не го започнал контра нападот и транспортот не е во план, бидејќи сеуште не сме кај тврдокорните масни депоа и обично во овој случај, процесот на согорување не е оштетен. Од сето ова произлегува одговорот.

Од дефиниција до уште поголема дефинираност

За оние кои сакаат да се дефинираат со релативен нормален процент на телесните масти (мажи <15%, а жени <22%), потребни се различни оптимизирачки стратегии, вклучувајќи го и тренингот кардио на празен стомак, со цел да на тој начин се обезбеди контра-баланс за да се намали мобилизацијата на масти и неговото присуство во крвта. Одредена група на бодибилдери-натпреварувачи, уште пред неколку децении дојдоа до заклучок дека најдобар кардио тренинг кој што го правиме е наутро на празен стомак.

Тука мора да се спомене една идеја: Инсулин - како главен хормон кој има влијание - неговото ниво јасно зависи од хранливите состојки содржини во претходниот оброк, но и оние кои наутро немаат можности за кардио, можат тоа да го направат за 3-4 часа после јадење, тоа е втората најдобра опција. Но, за оние кои не се доволно слаби, кардио на празен стомак не е толку важно. На нив им е битно тоа да го одработат!

 

Продавница Гладијатори 1 – ул. Далматинска бр.8 (Стара Чаршија) Битола тел: 047 241588 моб: 071 309454

Продавница Гладијатори 2 – ул. Васко Карангелевски бр. 60-1/4 (Градски Реонски Пазар) Битола тел: 047 252109 моб: 071 309459

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652

 

Продавница Гладијатори СКОПЈЕ – ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 18/4 (спроти Грчка Амбасада) Скопје тел: 02 6090440 моб: 072 274259 

Tyxo.bg counter