Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Карфиолот е моќен борец против ракот

Докажано е дека карфиолот, освен што има хранлива вредност, може да го детоксицира нашиот систем и да го зајакне имунолошкиоот систем на организмот. Различните состојки присутни во карфиолот се многу ефикасни во превенцијата на ракот и во намалувањето на растот на клетките на туморот. 

Карфиол е зеленчук кој припаѓа на семејството зелка, а ова зелено растение во последните години го привлекува вниманието на истражувачите поради неговата чудотворна моќ во борбата против ракот, вклучувајќи го туморот на белите дробови, дебелото црево, дојката, мочниот меур и ракот на јајниците.

Вклучете го карфиолот во вашата исхрана и уживајте во неговите изненадувачки здравствени бенефиции. 

Детоксикација на канцерогени елементи

Карфиолот содржи сулфурни соединенија кои вршат детоксикација на нашето тело и така ја спречуваат појавата на ракот. Елементите присутни во карфиолот ја зголемуваат активноста на ензимите кои се вклучени во детоксикација на канцерогените материи. 

Антиоксидантни својства 

Антиоксидантните својства на карфиолот се важна тема за сегашните истражувања. Карфиолот содржи фитонутритиенти, кои се доволно силни да се борат против клетките на ракот. Хранливите материи во карфиолот се богати со антиоксиданси, па тие помагаат во намалувањето на ризик од рак. 

Витамин Ц

Карфиол е богат со витамин Ц, кој може да го спречи создавањето на ракот поради присуството на антиоксиданси. Витаминот Ц во карфиолот го намалува ризикот од оксидативен стрес во нашите клетки, па со тоа помага во избегнувањето на ракот. 

Магнезиум

Карфиолот е богат со магнезиум, кој е важен во оксидативно-редуктивните механизми на нашето тело. Магнезиумот е доволно силен за да го зачува нашето тело од оксидативен стрес, со што се спречува рак.

 


Tyxo.bg counter