Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ким – лечи се, освен смрт

Кимот е див вид на растение, но во последно време се одгледува во нивите и полината. Тој спаѓа во групата на зачини, меѓутоа има доста лековити својства, особено црниот ким ( Nigella sativa).

Црниот ким особено расте во источните и топли земји, посебно во Египет, Сирија и Индија. Постојат записи во кои може да се виде дека е доста корисен во старата египетската медицина. Египетските фараони го употребувале како зачин во јадењата и за лечење на многу болести, воспаление, алерги, метаболички нарушувања, застој на урината, депресија. Интересн податок е дека едно шише масло од ким е пронајдено во гробницата на фараонот Тутанкамон.

Источниот народ зборува за кимот дека лечи се, освен смрт! Исто и во библијата се спомнува кимот како составен дел на лебот, кој спречува надуеност,лекува болести на плуќата, стомакот и жолтица.

                                        Лековити својства

Кимот го зајакнува желудникот, го потикнува варењето на храната, производството на хормони, исчистување на мокрачата. Позитивно делува на болести на плуќата, кожни болести, потешкоти предизвикани од асма. Го смирува бронхитот, алергиска асма, кашлањето, го зајакнува имунитетот, го зголемува производството на антитела. Ја спречува појавата на рак, поради тоа што го потикнува производството на одбрамбени клетки, ги заштитува здравите клетки од оштетување, ги уништува клетките на тумурот.

Кога се во прашање жените ги смирува грчевите во матката, ја стимулира менструацијата, ги олеснува пред породилните и породилните болки, на доилките за време на доењето им обезбедува повеќе млеко.

Особено добри резултати покажува во лечење на деца болни од бронхитис, асма и разни алергии.

                                       Масло од ким

Најзначаен производ од кимот е маслото, кое во себе содржи стотици активни супстанции. Се добива од здрели семки со ладно цедење.

Ова масло содржи nigellon кој штити од бронхит и ги опушта мускулите и thymochinon кој го снижува холестеролот, го стимулира лачењето на жолчката и го олеснува варењето на храната.

Покрај тоа, масло од ким лечи од болест на белите дробови, бронхијална астма, мигрена, го спречува губење на косата и дебелината. Исто така, има антибактериски својства.

Кога се користи подолго време ги отстранува симптомите на ревматизам, дијабетис, тешки воспаленија и висок крвен притисок.

Затоа оболените од овие болести треба да конзумираат храна која е направена со масло од ким и маслото од ким во период околу 6 месеци. Доколку во тој период се води и здрав начин на живот можно е да се ослободите од симптомите на болестите, а некогаш и од болеста во целина.

Маслото од ким се препорачува како додаток во салати и за преливање на готова храна. Може да се додава и пред крајот на готвењето, само не треба да се користи за пржење за да не се уништат лековитите матери.

За лечење на болестите маслото треба да се зема по 25 капки три пати на ден, а здравите особи само 25 капки на ден.

 

Чај од ким против бронхитис и кашлање

Една лажица ким, една мала лажица камилица и пола лажица анасон измежајте во една шолја топла вода. Оставете го да отстои 10 минути, процедете го, засладете го со мед и пиете го неколку пати на ден.

 Сируп против асма

Една мала лажица мелен ким, две издробени чешниња лук и две лажици мед измешани. Секое утро на празен стомак се зема по една мала лажица од сирупот во период од три недели.

Tyxo.bg counter