Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кога се чувствувате подуени како балон...

Внимавајте што јадете, бидејќи трудот со кој сте дошле до вашата совршена линија може да „падне во вода“, ако стомакот постојано ви е надуен. 

Еве храна која може да помогне во борбата против надуениот стомак. 

 

Краставици 

Овој зеленчук често се користи за салати или како здрава ужина, но краставици не се само вкусни. Тие се богати со вода која помага во борбата против надуеноста. Што повеќе течност ќе внесете, толку повеќе ќе измокрите, а што почесто го посетувате тоалетот, толку вашиот стомак ќе биде помал. 

Лубеница 

Рамо до рамо со краставица, лубеница е една од „најводените“ намирници. 

Аспарагус 

Задржување на водата е една од причините зошто вашиот стомак почнува да изгледа како балон. Аспарагусот е тука да помогне. 

Белка од јајце 

Направете си омлет од белки и нема да имате проблем со подуеноста. Белките се богати со протеини кога ги консумирате стануваат вистински диуретик кој ќе ви го ослободи притисикот во стомакот. 

Црвено грозје 

Ова овошје ги задоволува сите ваши сетила, но исто така и вашиот стомак. 

Ладно кафе или чај 

Избегнувајте газирани пијалоци, бидејќи од нив стомакот најмногу пати. Кога сакате да се освежите изберете ладно кафе или чај. Не заборавајте да избегнувате големи количини на шеќер во овие пијалаци

Бадеми 

Ако се чувствувате како буренце, грицнете некој бадем и фстак, но немојте да ги одберете солените, бидејќи солта нема да ви помогне да се ослободите од подуеноста. 

Тиквички 

Овој вкусен зеленчук е идеален за подготовка на многу јадења, но и за лечење на подуеноста во стомакот. 

Јогурт 

Јогуртот е богат со протеини и "добри бактерии" кои помагаат во варењето на храната и ви дава чувство на леснотија.

 

 

Tyxo.bg counter