Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кои благодети морате да ги искористите во април?

Секој добар нутриционист ќе ве советува да јадете сезонско овошје и зеленчук ако сакате да бидете здрави и витки. Овој месец никако не смеете да ги пропуштите аспарагусот, кромидот, руколата...

Додека пролетта полека го зема замавот, повеќето луѓе се интересираат за природното богатство кое ни го носи оваа годишна доба. Април е месец во кој природата не дарува со здрави и вкусни плодови. Ви претставуваме преглед на најдобрата храна која секако би требало да се најде во вашата чинија. Освен што овие намирници се многу здрави, тие ќе ја задржат вашата виткост на завидно ниво. 

Рукола 

Во само 100 грама од овој феноменален зелен зеленчук, ќе најдете огромни количини на витамини А и Ц, како и речиси 16 отсто од препорачаната дневна доза на калциум. Руколата има малку горчлив вкус, па можете да ја мешате со други зелени салати. Руколата можете да ја ставите и врз некоја вкусна пица.

Аспарагус 

Овој ниска калоричен пролетен зеленчук е одличен извор на витамините А, Ц и Е, калиум и протеини. Истражувањата покажуваат дека аспарагусот дури помога во борбата против некои видови рак благодарение на трипептид глутатион, кој е, исто така можеме да го најдеме во кељот и зелјето. Аспарагусот е богат со растителни влакна, што е одлично за дигестивниот систем. Можете да го јадете во стотици начини - за појадок во комбинација со омлет, за ручек со некои вкусни тестенини, како гарнир за вечера со риба или месо. 

Кромид 

Април е месец кој на нашата трпеза го носи кромидот. Заедно со лукот, кромидот е добар сојузник против срцевите заболувања, како и карциномот. Се смета дека тоа е така поради биофлавоноидите и силфурот кој може да се пронајдат во кромидот. Тој содржи и кверцетин кој помага во проблемите со дишењето. Кромидот може да с екористи во милион начини, а можете да го консумирате и свеж и неварен. 

Спанаќ 

Омиленото јадење на Попај навистина е супер храна. Изобилува со витамини А и Ц, а благодарение на железото, на организмот му дава енергија. Богат е со фолна киселина па особено се препорачува на трудниците. Спанаќот исто така е одлична намирница која можеме да ја комбинираме во бројни јадења. Можете да го јадете сиров во салата, варен или пак како прилог на рибата и месото.

 

 


Tyxo.bg counter