Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кокосово масло

Кокосовото масло се почесто е застапено во исхраната на спортистите и оние особи кои имаат проблем со вишокот килограми. Основна причина за тоа е дека кокосовото масло е помалку калорично од останатите масла, брзо се претвара во енергија и не допринесува таложење на масти на крвните садови. Кокосовото масло, исто така, го потикнува нивото на издржливост на организмот  и на тој начин ги подобрува перформансите на спортистите и воедно е високо рангирано масло на списокот на најздрави масла во светот.  Заради тоа заслужува своја страница на која ке ги опишиме неговите особини и лековити својства.

Пред се да кажеме дека кокосовото масло се состои од 90% заситени масни киселини (повеќето од нив се триглицериди среден ланец), потоа незаситени масни киселини ( линолеична киселина), мононезаситени масни киселини ( олиенска киселина), одредени деривати на масни киселини, масен алхохол,  полифеноли кои се одговорни за мирисот и вкусот на кокосовото масло, витамини Е, К и минерали. На ниски температури може да се стегни па во тој случај пред употреба треба малку да се затопли.

Кокосовото масло допринесува решавање на многу здравствени проблеми и се препорачува како помошно природно стретство за спречување на настинки и лечење на следните болести: дебелина, дијабетис, срцеви болести, проблеми со бубрезите, висок крвен притисок. Потоа за подобрување на имунитетот, одржување на нивот на холестерол, регулирање на метаболизмот, регулирање на варењето на храната, помага во здраво функционирање на тироидната жлезда...

После тоа кокосовото масло има антивирусно и антибактериско дејство и е многу ефикасно средство против разни инфекции. Кокосовото масло ги убива вирусите кои предизвикуваат сипаници, грип, херпес, хепатитис  итн. Потоа бактерии кои предизвикуваат разни инфекци на грлото, инфекции на мочните канали, запаление на плуќата, гонореја  итн.

Присуството на триглицеридите од стредниот ланец и масните киселини во кокосовото масло многу се корисни како превенција од болести на црниот дроб бидејќи материите лесно се претвараат во енергија, со што се намалува товарот на црниот дроб и спречува таложење на масти.

Се верува дека кокосовото масло има влијание врз намалување на чуствителноста на ХИВ и рак.

Кокосовото масло помага во лечење на различни кожни болести, како што се Псоријаза, дерматитис, егзема и други кожни инфекции.

Кокосовото масло е многу смирувачко и со тоа помага во отстранување на стресот. Нежна масажа на главата со кокосово масло помага во  отстранување на менталната исцрпеност.

На крајот кокосовото масло во козметиката е едно од најдобрите природни стретства за нега на косата. Тоа на косата му дава сјај и поттикнува здрав раст на косата. Доколку редовно се втрива во коренот на косата го елиминира првутот  а есенцијалните протеини во кокосовото масло ја хранат и регенерираат оштетената коса. Кокосовото масло претставува сигурно решение за проблемите со сува кожа, хидратира и спречува прерано стареење на кожата.

Од тие причини кокосовото масло е омилена состојка за развојот на модерната козметика  за нега на коса и тело, како што се сапуни, шампони, лосиони, креми и сл. 

Tyxo.bg counter