Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Куркумата постоперативно го штити срцето

Екстрактот од зачинот  куркума, познат како антиоксиданс и по неговиот анти-инфламаторен  ефект, исто така, може да го намали ризикот за 65 проценти од срцев удар како постоперативна компликација кај пациенти кои биле подложени на  имплантација во срцевата хирургија, според тајландските истражувања.

Во текот на овие операции срцевиот мускул може да бидат оштетен поради намаленото снабдување со крв што се зголемува ризикот од срцев удар. Една нова студија објавена во списанието American Journal of Cardiology  сугерира дека куркумата може да ги намали овие ризици.

Биле проучувани 121 пациенти на кои биле вградени импланти во периодот од 2009 година. до 2011 година. На една половина им беше дадена куркума капсули од еден грам четири пати на ден за осум дена, почнувајќи од третиот ден пред операцијата.

Констатирано е дека за време на опоравување од бајпас операција 13 проценти од оние кои земаат куркума екстракт имале срцев удар, за разлика од 30 проценти од оние кои не земале екстрактот.

Заклучоци беа донесени врз основа на проучувањето на релативно малиот број на пациенти и треба да се потврдат во една  поголема студија, велат авторите  на истражувањето спроведено од страна  Wanearang Wongcharoen на Универзитетот во Chiang Mai.

Екстрактот од куркума веќе долго време се користи во традиционалната кинеска и индиска медицина.

Научниците укажуваат на тоа дека воспалителните процеси играат улога во развојот на многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања и куркумата  би можеле да влијае на овој процес, вели Bharat Aggarwal кои го истражува ефектот на  куркумата  за лекување на ракот при Медицинскиот центар за карциноми во Хјустон  во САД.

Tyxo.bg counter