100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Лековитите својства на боровинката

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино - црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто - сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.

Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.

Листовите од боровинки помагаат во случај на создавање на мочна киселина,повраќање, пролив, грчеви во желудникот и кашлање. Многу важен народен лек се против шеќерната болест, толку е делотворен што некои го нарекуваат растителен инсулин. Важно е да се знае дека листовите се делотворни само ако се наберат пред бобинките да узреат, бидејќи подоцна немаат лековито дејство.

Бобинките се јадат свежи, исушени или натопени во ракија. Се сушат на 45 степени. Од нив се цеди сок или се вари мармалад. За плакнење на грлото се користи необрабоен сок од боровинки, додека мармаладот од ова шумско овошје ја разладува болната горештина на воспалени уста и грло. Исушените бобинки се користат за лекување на хемороиди бидејќи го стопираат крварењето, а делуваат и на подобрување на лошото варење и слабиот апетит...

Сувите бобинки го спречуваат проливот, особено кај мали деца, додека свежи делуваат како благ пургатив. Сокот значително ги ублажува пречките при варењето, а го отвора и апетитот. Поради танинот и пектинот боровинките делувата како благо средство против дијареа и катар на цревата, разни восплаенија на слузницата итн.

Бидејќи тој лек е скап, најдобро е да се пие сок од боровинки, а за иста намена може да се направи и компот од исушени зрели плодови. Зрелите бобинки се диететско средство со пијатен вкус што се користи за зајакнување на крвната слика.

Бројните испитувања на ова зрнесто овошје дале извонредни резултати. Како прво, боровинката е прогласена за најбогат извор на антиоксиданси од 40 разни видови на плодови од овошје и зеленчук. За таа “титула” во многу се заслужни антоцијанините кои на боровинката и ја даваат карактеристичната боја. Покрај тоа, истражувањата покажале дека боровинката го забавува процесот на стареење, го запира почетниот фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот, како и циркулација, помага во контрола  на дијабетес итн.

сушените бобинки содржат флобатанин, смеша на разни антоцијански хетерозиди кои на сокот од боровинки му ја даваат бојата, потоа шеќери, органски киселини, главно лимонска, јаболчна и ќилибарна киселина, пектин, витамин Ц, каротен.... Листот содржи пирокатехински танини, арбутозиди, како и неколку флавонски хетерозиди.

Tyxo.bg counter