100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Лененото семе во секојдневната диета

Лененото семе претставува еден од најбогатите извори на масни киселини. Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и ги прочистува цревата. Свежо сомелено семе од лен препорачливо е да се додава во салати, житни снегулки, мусли, како и за подготовка на леб и секакви печива. Од лененото семе се прави и масло.

Освен омега 3 масни киселини, ленот е и добар извор на омега 6, содржи висококвалитетни протеини и е богат со диетални влакна, поради кои се употребува како природен лаксатив. Од витамините ги содржи: Б1, Б2, Ц, Е, каротин како и железо, цинк и други минерали. Ленот ја намалува наклонетоста кон дијабетис, стабилизирајќи го нивото на шеќер во крвта, а претставува и одлично средство против опстипацијата и ги намалува воспаленијата на органите за дишење и варење и го намалува холестеролот.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter