Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ленено семе против запек

Причините за опстипација (запек) можат да бидат различни, но најчесто е поради несоодветна исхрана - сува храна, рафинираната храна (бел леб и бел, т.н. прочистен ориз). Сувата храна не е добра за нормален измет затоа што и е отстранета течноста, а рафинираната храна затоа што и се отстранети растителните влакна. Месото и превриените сирења исто така доведуваат до тој проблем. Но, запекот може да биде последица не само од несоодветна храна туку и поради некое заболување - хемороиди, тумори, губење на функцијата на ректалниот рефлекс. Освен хроничниот запек, има и привремен, кој се јавува по пост и за време на патување, но тие многу лесно се регулираат.

Запекот - тврд и сув измет, може да се јави и како резултат на физичка неактивност и стресни ситуации. Кај некои луѓе се проблем и млекото и млечните производи, најверојатно поради присуството на калциумот. Од истите причини кофеинот од кафето може да доведе до запек. Опстипација може да се јави поради слаба активност на тенкото црево или поради намалена осетливост на ректумот. Кај деца се јавува поретко, а ако се создаде, тогаш е резултат на психичко нарушување и треба навреме да се регулира. И кај возрасните, освен поради лоша исхрана, може да се појави на психичка основа.

Ненавременото празнење претставува опасност поради големиот број бактерии што, поради "стоење" на изметот, се распаѓаат и се создаваат токсини. Последица од тоа е воспаление на цревната слузница, која станува порозна и почнува да пропушта токсини во циркулацијата. Тоа доведува до намалување на одбранбениот систем, проблеми со кожата и дишните органи.

Причина за појава на запек може да биде и лошата функција на желудникот. Никогаш не треба да се заборави дека варењето почнува во устата. Затоа храната треба добро и долго да се џвака. Секогаш треба да се има доволно време за оброци. Со помош на храна се врши реедукација, која почнува со долго џвакање. Во модерната исхрана недостигаат елементи што и даваат волумен на храната. Кога цревата се полни, тие се празнат рефлексно. Тоа не значи дека треба да се наполнат со што и да е, туку со храна богата со влакна од целулоза, кои впиваат течност, се надувуваат и го добиваат тој волумен без зголемување на калориите. Притоа не треба да се заборави да се пие доволно течност, која ќе се сврзе со целулозата.

Со целулоза се богати свежото овошје, црниот леб, грашокот, гравот, леќата, боранијата, сојата и др. Мрсната храна, месото, превриените сирења, кремовите, чоколадите и слатките создаваат запек. Пивскиот квасец ја помага работата на цревата и на црниот дроб да ги оксидира мастите.

Се препорачува движење, утринска гимнастика, стомачни вежби со кружно движење и избегнување на стресни ситуации.

Билните капки "лаксонал" се одлично решение против запек. Составени од ленено семе, шумска јагода, копар, се пијат три пати дневно по 25 капки во половина чаша вода. Го регулираат варењето, ја подобруваат работата на цревата и го спречуваат запекот.

Tyxo.bg counter