100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

МАНДАРИНИТЕ ГО ЗАЈАКНУВААТ ИМУНИТЕТОТ !

Во 100 г мандарини се содржи 81,4 г вода, 17 г шеќер, 18 мг витамин А, 32 мг калциум, 210 мг калиум, мали количини на Б1, Б2, каротен и само 35 калории. Како и другите цитрусни овошја, мандарините се богати со витамини, особено со витамин C, А, и антиоксиданти. Тоа ги прави исклучително ефективни помошници на имуниот систем. Нивната конзумација е препорачлива и при болки во зглобовите. За да бидеме во добро здравје, потребно е да јадеме по неколку мандарини на ден.
Мандарините се корисни при дигестивни проблеми, како и при отсуство на енергија. Освен тоа, редовната потрошувачка на мандарини помага кај намалувањето на телесната тежина и соодветно за одржување на витката фигура.
Научниците од Јужна Кореја спровеле истражување меѓу 60 мажи и жени на различна возраст кои страдале од прекумерна телесна тежина. Учесниците биле поделени во две групи. Сите доброволци го почитувале истиот режим на исхрана, со разликата што во едната група се трошело помала количина на мандарини.
Два месеци подоцна се утврдило дека редовната конзумација на цитрусното овошје довело до поголемо намалување тежина и обемот на половината.
Воспоставено е и дека со потрошувачката на мандарини, само за еден месец се постигнува 59% редукција на масното ткиво во телото.
Цитрусовите плодови се исклучително корисни за црниот дроб, бидејќи помагаат во обновувањето на хепатоцитите (клетки на хепарот) и за прочистување на натрупаните масти.
Есенцијалното масло од мандарината, исто така се одликува со значајни придобивки за здравјето. Има антисептично, антиспазматично, седативно и тонизирачко дејство.

Tyxo.bg counter