Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Маски за коса кои ја штитат од седи влакна

За густа и сјајна коса треба да конзумирате храна богата со есенцијални и омега3 масни киселини. Освен исхраната, треба да внимавате и на негата, па ви препорачуваме три маски кои во источните земји традиционално се користат за заштита од седи влакна.

За да и го вратите сјајот, два пати неделно користете маска од состојки со масло и путер. Различните масла можете да ги користите поединечно и во комбинација. Најпопуларно е кокосовото, но ефикасно е и бадемовото, маслото од рицинус и од јојоба. Рузмариновото е се повеќе популарно за темна коса. Доволни се само неколку капки.

Маската од маслиново масло и мед е добра за цврстината на косата. Измешајте еднакви количини масло и мед, смесата нанесете ја на коренот, ставете на неа ќеса и после половина час исплакнете со шампон. Постапката можете да ја направите и со сок од лимон, кој ќе го измешате со кокосово масло.

За маска од црн бибер, измешајте еден грам црн бибер, половина чаша кисело млеко, половина лажица сок од лимон и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата, оставете ја да делува 30 минути, а потоа исплакнете. Користете ја два пати неделно.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter