Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Маслото за јадење предуслов за добро здравје

Со маслата се менува вкусот и мирисот на јадењата, а некои станаа симбол на многу национални кујни. Вештината на користење на масла за јадење бара и нивно добро познавање. Со нивно конзумирање можат да се постигнат многу благодети на организмот- превентива од бројни заболувања, а со редовна и правилна примена можат да се спречат, да се подобрат и да се излекуваат одредени болести.

Внесување здрави навики во исхранатае едно од најважните правила и норми кон кои треба да се тежнее.

Маслиново масло

Ова масло го карактеризира својствена арома, која потекнува од витаминот Е, фенолите, хидрокарбонатите, стеролите кои се присутни во мали количества.

Најголем дел 65-85 % отпаѓа на мононезаситената олеинска киселина поради што се смета за најздраво и најстабилно. Незаситените масни киселини и другите компоненти го намалуваат нивото на холестерол, а со тоа и ризикот од атеросклероза и ги спречуваат штетните прцеси како оксигенација на мастите во организмот. Тие го намалуваат ЛДП-холестеролот ( т.н. лош холестерол), а не влијаат на количеството на ХДЛ-холестеролот  ( т.н. добар холестерол, кој ги чисти артериите ).

Најценето е цеденото маслиново масло ( extra virgin oil ), кое содржи најголем дел екстра-активни ароматични состојки и киселост на маслото изразено во олеинска киселина до 1 отсто, што означува најквалитетен тип на маслиново масло. Тоа се карактеризира со зеленикаво-златна боја и со интензивен мирис.

Неоспорна е улогата на маслиновото масло кај болни со дијабет и со хипертензија. Спречува настанување на каменчиња во жолчката, чир на дванаестпрсното црево и на желудникот, опстипација, ги ублажува болките при ревматоиден артрит и др. Докажано е дека кај жените секојденевното консумирање маслиново масло  го намалува ризикот од рак на дојката за 45 отсто.

Ленено масло

Лененото масло по својата вискозност е поретка течност со карактеристичен мирис и со светла до темножолта боја. Има бројни позитивни карактеристики за човековото здравје.

Најквалитетно масло се добива со ладно цедење свежи плодови од ленот. Ова масло е богато алфа-линолеинска киселина, која претставува есенцијална масна киселина која поволно дејствува на болестите на срцето, за намалување на холестеролот, на воспалителни промени на цревата, на артритот и на низа други состојби. Содржи и група супстанции, кои играат улога во превенција од карцином. Маслото содржи од 50 до 60 отсто омега 3-масни киселини, што е двојно повеќе од рибиното.

Се препорачува да се зема една супена лажица ленено масло во комбинација со антиоксиданти како витамини Е и Ц, селен и др.

Лененото семе е корисно и како сурово  (најдобро е да се додаде една кафена лажица во порција интегрални житни зрна во јогурт или кисело млеко ) бидејќи содржи 30-45 отсто масло, 20 отсто белковини, 3-6 отсто слуз, 0,8 отсто лецитин.

Сусамово масло-богат извор на витамин-Е

Сусамовото масло е едно од најстарите зачини во светот. Се карактеризира со златно-жолта боја и со специфичен мирис. Тоа е богат извор на витамин Е и на омега 3-масни киселини.

Содржи и многу минерали и витамини: магнезиум ( за подобрување на васкуларниот и респираторниот систем ) бакар (при состојба на ревматоиден артрит ), железо, цинк,(ја подобрува состојбата на коскениот систем ), калциум (превенира од канцер на дебелото црево, остеопороза, мигрена ), витамин Б6 и др. Претставува природен антиоксиданс, диуретик, дигестив, стимуланс. Се користи и при состојба на зголемен крвен притисок, зголемен холестерол, како лаксатив идр.

Со користење на ова масло, посебно при планирана диетотерапија внесуваме висококвалитетни белковини и минерали.

Масло од тиква

Мслото од тиква е природен и здрав производ со извонреден вкус и арома, добиен со ладно цедење на семки од тиква.

Обилува со протеини, витамин Е цинк кои ја штитат простатата и се одлична превенција од остеопороза.

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter