Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мај е рај: Месец за суперхрана во нашата чинија

Пролетта е во полна замав и во понуда имаме сè повеќе овошје и зеленчук.

Убавите мајски денови се тука и време е да ги посетите пазарите. Свежите плодови во пролет се најдобар сојузник на вашето здравје, па поради тоа овие намирници не смеете да ги заобиколите: 

Грашок

Иако е еден од најмалите плодови на природата, грашокот е најбогат со хранливи материи. Особено е богат со витамини А,C и K, кои се важни за здрава крв и коски. Јадете го суров, додадете го во салати или пак подгответе го со тестенини или ориз. 

Карфиол

Многумина мислат дека белите плодови не се богати со хранливи материи. Карфиолот е исклучок. Тој е богат со состојки кои делуваат против воспаленијата, а го поврзуваат и со превенција од рак и мозочен удар. Можете да го јадете суров со малку сос или пак сварен во каша или пак во гарнир со пире од компири. 

Марула

Салатата која беше посеана во февруари, пресадена во март и април, а обрана во мај содржи витамини C и B complex, како и важни минерали, како што се калциумот, фосфорот и железото. Добра е за црниот дроб и варењето на храната, а прехранбените влакна со кои е богата марулата ја стимулираат соодветната перисталтиката на цревата.

Спанаќ

Во мај е грев да не се јаде спанаќ, бидејќи тој тогаш е најдобар извор на витамини A, C, E, фолна киселина, калциум и железо.

Печурки

Во мај започнува сезоната на одгледување на печурки. Кој сака доза на рибофлавин, ниацин, фолна киселина и витамин D, тогаш треба да ужива во моќните печурки.

Јагоди

Најдобро е да се јадат јагоди од своите градини, кои не биле изложени на пестициди, и да се јадат веднаш по бербата. Тие се богати со фолна киселина и витамин Ц. Јадете ги бидејќи преку нив во телото внесувате растителни феноли и антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања. Јагодите се полни со влакна, па се корисни за дигестивниот систем, намалување на холестеролот, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и заштитуваат од рак на дебелото црево.

 


 

 


Tyxo.bg counter