Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Медицинска топка

Кога зборувате за старовремските вежби ниту една опрема за вежбање не може да се приближи до староста на медицинската топка. Нејзината прва употреба датира пред 3000 години во античка Персија и биле од животинска кожа полни со песок. Многу порано пред  да постојат модерните шиени кожни топки Грчкиот „татко на медицината“ Хипократ ги препишувал медицинските топки на пациентите на кои им требала рехабилитација и третман.

Може да користите медицинска топка сами или со тренинг партнер. Можете да ги вежбате било кои мускулни групи користејќи одредени спортски движења за да изградите функционална, експлозивна сила. За разлика од другите справи од Бодибилдинг Легендите, непредвидливата летечка патека за време на фрлање, променливиот опсег на движења ви дава можност за употреба на сите групи на мускули отколку изолиран еден или два мускули.

Таа има дијаметар од околу 35 сантиметри, а тежината и се движи помеѓу 0,5 и 12 килограми. Повеќето медицински топки се со големина на кошаркарските топки. Медицинските топки се користат од професионалните боксери за подобрување на стомачните мускули. Други спортисти ја користат  за зголемување на својата сила, правејќи тешки плиометрични тренинзи (постигнување на максимална сила за најкраток можен период). Популарна  вежба е да се држи топката притисната до градите и да ја подаде  кон друг кој ќе ја фати на исто ниво на телото. Така се зголемува силата на рацете, градите и нозете.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional