Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Моќта на бобичесто овоше

Доаѓањето на топлото време со себе си носи ги носи и најздравите плодови на природата. Станува збор за бобичестото овошје кое е вистинска мала ризница на витамини и минерали.

Дали сте знаеле дека сите видови на бобичесто овошје делат исти, многу силни и позитивни својства. Шумските јагоди, малините, капините,, боровинките, брусниците... се само некои од плодовите кои оваа сезона треба да се најдат на вашето мени. 

Бобичестото овошје освен што е нискокалорично, тоа важи за вистинска мала витаминска бомба. Богато е со антиоксиданси, биоктивни состојки и вредните и ценети флавоноиди кои важат за чувари на нашиот имунолошки систем и се сметаат за високо ефективна превенција против ракот.

Малини

Грмушка која потекнува од Југоисточна Европа со мек плод и силен и примамлив вкус содржи големи количини на билни влакна кои позитивно делуваат на системот за варење, го чува ѕидот на желудникот и цревата, го штити организмот од штетното делување на слободните радикали и влијае на лошите бактерии и габи во организмот. 

Капини

Дивото растение со извонреден вкус чиј плод се користи во секојдневната исхрана и тоа во облик на сок, вино, џемови, додека од листот се пие чај.

Од минатото тие се користат како лек за анемија, бидејќи се преполни со железо и витамин А, Ц, Д и К. Капините се силен антиоксиданс кој го штити кардиоваскуларниот систем, го забавува стареењето на организмот и помага во борбата против штетното делување на сонцето врз кожата. 

Боровинки 

Темната боја на овој плод е показател за силните антиоксидантни својства. Многу ефикасно ги штити крвните садови и го зголемува имунитетот.

Бројни истражувања потврдија дека тие се голем сојузник во борбата против ракот на хранопроводот, желудникот и белите дробови, а имаат благотворно влијание врз целиот дигестивен систем.

Рибизла 

Иако постојат неколку различни сорти на рибизла, овој плод во секој поглед е вистинска витаминска бомба. Содржи двојно повеќе витамин C од лимонот. 

Ги елиминира токсините кои делуваат негативно на црниот дроб и бубрезите. И семето на ова овошје е многу лековито и дејствува против дигестивните нарушувања и помога во лекувањето на кожни заболувања како што е се псоријазата.

Шумски јагоди 

Содржат големи количини на витамин Ц, теитамин Б и Е, каротен, флавоноиди и бројно минерали како железо и манган кои поволно влијаат на комплетниот метаболизам, мозокот, крвта и костките. Шумските јагоди содржат и елагична киселина, која го чува здравјето на здравите клетки.

 

 


Tyxo.bg counter