100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Напивките со јаболков оцет лечат воспалено грло, но и болка во мускулите

Дали некогаш сте добиле желба да се напиете јаболков оцет, а потоа да се зачудите од каде таквата желба? Можеби Вашиот организам имал потреба од лековитиот оцет. Подолу може да прочитате колку всушност е корисен јаболковиот оцет за Вашето здравје.

 

Две лажици јаболков оцет пред спиење се многу корисни за дијабетичарите, бидејќи ги снижуваат утринските нивоа на шеќер во крвта за 4 до 6% - покажало едно американско истражување.

Јаболковиот оцет исто така е добар лек против многу болести. Помешајте 1/4 шољичка јаболков оцет со 1/4 шољичка топла вода и исплакнете го грлото на секој час додека не престане надразнетоста во него. Ако имате затнат нос, испите чаша вода со лажица јаболков оцет. Тоа ќе на намали напнатоста во синусите и ќе го олесни дишењето.

Доколку имате намера да јадете тешко сварлива храна, во чаша топла вода додете лажичка мед и лажичка јаболков оцет. Напитокот испијте го 30 минути пред јадењето.  Јаболковиот оцет разреден во вода е ефикасен и против пролив предизвикан од бактериска инфекција.

Бидете внимателни, оцетот секогаш треба да се разреди

Јаболковиот оцет е многу кисел, па затоа секогаш треба да го разредите со вода или со сок. Чистиот јаболков оцет би можел да ја оштети глеѓта на забите и ткивото во устата и грлото. Не се препорачува доколку патите од остеопороза.

Лажичка оцет против болка во мускулите

Вежбањето предизвикува создавање млечни киселини во телото и мускулите, а последица на тоа е чувство на голем умор. Аминокиселините кои се наоѓаат во јаболковиот оцет успешно го спречуваат процесот на создавање на млечни киселини. Исто така, јаболковиот оцет содржи калиум и ензими кои го намалуваат чувството на умор.

Tyxo.bg counter