Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најдобра храна за физички активните

За личностите кои секојдневно се занимаваат со физичка активност, храната претставува повеќе од задоволување на чувството на глад. Таа треба да помага во изградбата на мускулната маса, а истовремено и да го чува целокупното здравје.

Доколку спортувате повеќе пати во текот на неделата, вам ви треба квалитетна храна која ќе го одржува нивото на вашата енергија во баланс. За оваа цел, експертите истакнуваат дека постојат одредени намирници кои би требало да ги вклучите во секојдневната исхрана.

Јогурт

Калциумот е клучен за заштита на коските. Една шолја јогурт содржи околу 35 проценти од препорачаната дневна доза на калциум. Покрај тоа, јогуртот е одличен извор на протеини, кои се важни во изградбата на мускулите, но и во забрзување на закрепнувањето после вежбање.

Немасно говедско месо

Ова месо е одличен извор на железо, кое пак е особено важно за луѓето кои се физички активни, бидејќи недостатокот на железо предизвикува замор. Вегетаријанците можат да го пронајдат железото во мешунките и во зелениот листест зеленчук.

Банани

Доколку ви треба нешто што инстантно ќе ви ја зголеми енергијата, сигурно нема да погрешите доколку одберете банана. Таа претставува и одличен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок, го намалува ризикот од срцев удар и учествува во изградбата на мускулното ткиво.

Лосос

Покрај тоа што е одличен извор на протеини, лососот содржи и омега 3 масни киселини кои се важни за одржување на целокупното здравје на телото, а најдобро од сè е тоа што имаат противвоспалително дејство, а исто така го забрзуваат процесот на опоравување после вежбање.

Брокула

Брокулата е одличен извор на витамин Ц, калиум, растителни влакна и фитохемикалии, што претставува одлична комбинација за одржување на спортската издржливост на завидно ниво.


 

 


Tyxo.bg counter