100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најдобриот доручек за топење на салото од стомакот

Кога станува збор за слабеење, доручекот е вашиот најдобар пријател. Барем така тврдат повеќето луѓе кои успеале да ослабат и да ја одржуваат тежината следните неколку години.

Ако го прескокнете доручекот, поголеми се шансите подоцна, во текот на денот да се прејадете. Во продолжение следуваат оброци во чии вкусови треба да уживате скоро секое утро.

Јајца

Јајцата доста време ги биеше лош глас, но сега се сметаат за вредна храна. Благодарејќи на протеините, подолго време ве држат сити и помагаат да консумирате помалку калории во текот на денот. Исто така, едноставни се за припрема и се релативно ефтини.

Боровинки

Боровинките се богати со хранливи влакна и немаат многу шеќери како останатите плодови. Боровинките посебно помагаат во топењето на мастите. Истражување покажало дека тие може да го намалат растот на масните клетки за 73%.

'Ржан леб

Заменете го лебот од пченка со 'ржан леб. Истражување објавено во "Nutrition Journal" покажало дека луѓето кои јаделе 'ржан леб подолго време биле сити од оние кои јаделе други видови на леб со иста калориска вредност.

Јогурт

Јогуртот стана особено популарен и тоа со причина - тој е полн со протеини, има релативно малку шеќери и е голем извор на пробиотици.

Уште подобар го прави тоа што можете да го консумирате и како благ десерт, односно како овошен јогурт. Изберете незасладен јогурт, додајте малку мед, ставете боровинки, јагоди или некое друго овошје по ваша желба, и ќе добиете совршен доручек.

Грејпфрут

Грејпфрутот се покажа особено ефикасен во слабеењето и топењето на масните наслаги. Сепак, бидете внимателни ако пиете лекови бидејќи грејпфрутот може да ја отежне работата на ензимите кои ги разградуваат лековите, па така може негативно да влијае на нивната ефикасност.

Затоа пред воведувањето на ова овошје во исхраната, консултирајте се со доктор.

 

Tyxo.bg counter