Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најдобри вежби за формирање на "V" облик на трупот

V обликот е естетски идеал кон кој тежнеат сите оние кои се занимаваат со изградба на пропорционално тело. Ако некој не знае што значи тој V облик и на кој дел од телото се однесува, најлесно е да се дефинира како силуета на трупот.

Она што го прави V обликот поизразен е односот на ширината на рамената и ширината на струкот. Колку се пошироки рамената, а помал струкот, толку V обликот ќе биде поизразен и подобар.

Постојат неколку фактори кои влијаат врз тој однос. Некои од нив се генетски наследени и врз нив не може да се влијае. Другите пак, се променливи и зависат од нас и од нашето знаење и труд кои ќе ги насочиме за подобрување на V обликот.

Вежбите за ширина на грбот и рамената многу пати ги имаме споменувано и имаме пишувано за нив. Затоа ќе ги наведеме најважните:

  1. Подигнувања на вратило
  2. Широко повлекување на лат машина
  3. Разни веслачки движења (служат примарно за развивање на "длабочината" на грбот па придонесуваат V облик во поглед од грбот)
  4. Влечење сајла на справа
  5. Стоечко веслање со шипка

Како што е наведено, во добиањето на V облик соработуваат и помал дел на често занемарени мускули - serratus anterior. Ова се мускули кои ја поврзуваат лопатката (scapulae) со градната коска.

Задачата на овие мускули е поместување на лопатката на напред (протракција) или поедноставно - поместување на лопатката од 'рбетот. Најчесто не се тренираат посебно бидејќи се развиваат асистирајќи им на поголемите групи на мускули. Сеедно, ако некој сака посебно да работи на serratus anterior, тогаш следува оваа вежба:

Лежечки потисок со еднорачни тегови

Ова не е типичен потисок како што е потисокот за гради. Наместо тоа, започнувате со испружени лакти. Потоа, оставајќи ги лактите постојано испружени, дозволуваме лопатките да се спојат кога теговите ги спуштаме во страна.

Во таа положба лопатката, активирајќи го serratus, се развлекува. Со други зборови, со силата на m.serratus се обидуваме да ги подигнеме рамената од клупата.

 

 

 

 

 


 

Tyxo.bg counter