Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најосновни вежби за мускулест Задник - ЖЕНИ

Девојки! Сите знаеме дека некои природно добиваат прекрасен задник, додека други со години се мачат за да постигнат нормален облик за на плажа. Задникот е најпривлечниот дел од женското тело. Еве ви најефективни вежби за формирање на цврст задник. Секогаш кога го тренирате долниот дел од телото, одберете барем 3 вежби од наведените вежби, кои ќе ги работите (тренирате). За вистински резултати бидете доследни и редовно вежбајте во теретана ГЛАДИЈАТОРИ!

 

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652

 

Чучњеви

Оваа вежба е одлична за обликување на глутеусот. Можете да користите и бучици, но и шипка поставена на рамената позади вратот.

 

Подобро е со шипка позади вратот, но секако морате позади себе да имате тренинг партнер, единствено во случај кога тренирате со мали тежини нема потреба од помош. Со комбинација на положбата на нозете: раширен размак, тесен размак, стапалата према напред или во страна, можете да ја менувате застапеноста на мускулите односно кои мускули посилно ќе работат и на кој дел од телото. Доколку стапалата се поблиску, во тој случај поактивни ќе бидат четвороглавите бутни мускули. Што повеќе ги ширите нозете, тоа повеќе ќе ги оптеретувате колковите и мускулите на задникот. Секогаш некој треба да го контролира изведувањето на вежбите, за да бидете сигурни дека навистина ги вежбате мускулите на нозете. Во Теретаната Гладијатори можете да постигнете сличен ефект со помош на справите за ножен потисок. Но внимавајте во текот на изведувањето на чучњевите струкот да го држите исправено до самиот крај. Спуштете се надолу, под водоравното ниво на бутовите, колку што можете повеќе со исправен грб. Доколку зглобовите не ви се доволно превитливи, ставете подметнувач под петите (2 малечки диска или даска). Во текот на изведување на вежбата најдобро е да гледате према напред или нагоре, во тој случај нозете сигурно ќе ви останат во рамна положба. Немојте да се наведнувате према напред за да можноста од повреди ја сведете на минимум.

 

ПРОДОЛЖУВА ...

 

НАПОМЕНА:  

Секогаш користете оптеретувања онолку колку што можете правилно да ја повторите вежбата, во принцип се од 6 до 10 повторувања во една серија. Истражувањата покажуваат дека сите плус оптеретувања, доведуваат и до 90% можност за трајна повреда на мускулот кој го тренирате!

НАПОМЕНА:  

Не заборавајте да поставувате крпа на клупата што тренирате и задолжително враќајте ги бучиците на сталажите. Само професионалните вежбачи знаат зошто!

 

Продавница Гладијатори 1 – ул. Далматинска бр.8 (Стара Чаршија) Битола тел: 047 241588 моб: 071 309454

Продавница Гладијатори 2 – ул. Васко Карангелевски бр. 60-1/4 (Градски Реонски Пазар) Битола тел: 047 252109 моб: 071 309459

Продавница и Фитнес Центар – Гладијатори 3 – ул. П.П. Његош бб (во улицата на Ѕвончарите) Битола тел: 047 242499 моб: 071309652

 

Продавница Гладијатори СКОПЈЕ – ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 18/4 (спроти Грчка Амбасада) Скопје тел: 02 6090440 моб: 072 274259

Tyxo.bg counter