Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Невенот и неговите лековити својства

Во античкиот Рим се сметало дека цветовите од невен се појавиле на гробот на девојката кој починала од тага, несреќно заљубена во едно римско момче. Науката покажала дека оваа прекрасна легенда за забранетата љубов не е вистина и дека оваа билка потекнува од Индија.

Невен (Calendula officinalis) е еден од најшироко  користени растенија во фитотерапијата, во народните традиции и магиите на луѓето од целиот свет.

Поради својот сложен состав невенот се користи за лекување на широк спектар на болести. Невенот содржи значајна количини на флавоноиди, кои дејствуваат анти-воспалително. Тој има во составот тритерпенски сапонини, танини, гликозиди калдулозид, картеноиди (на кој благодарение на него невенот има прекрасна портокалови цветови), малку есенцијално масло со непријатна миризба и неколку органски киселини.

Невенот е суштински елемент на чајните мешавини кои ги елиминираат проблемите во дигестивниот тракт. Ги исцелува раните во стомакот и дванаесетпалачното црево, ја нормализира функцијата на црниот дроб и секреција на жолчката. Благодарение на анти-инфламаторниот ефект на флавоноидите, оваа билка го смирува воспалението на дебелото црево. Присуство на танини ја оправдува употребата на невен за запирање на благата дијареа.

Се покажа дека ова растение има капацитет за прочистување на крвните садови, ги опушта и го зголемува луменот и го намалува холестеролот во крвта, особено во комбинација со глуварче, глог и ресник. Неодамнешните студии покажаа дека невенот го намалува крвниот притисок и дејствува како благ седатив за да се релаксираат крвните садови и го зголемува луменот, и се препорачува за ангина пекторис.

Невенот е добар антиспазматик (ги разбива грчевите). Оваа функција се рефлектира многу пати во телото: ги отстранува грчевите на материцата и истовремено ја зајакнува и доведува до олеснување кај болна менструација. Исто така, ги олеснува грчевите на дишните патишта и е корисна при лекување на астма.

Благодарение на содржината на провитамин А, невенот има корисен ефект за очите и го подобрува видот. За таа цел, невенот се користи внатрешно и надворешно. Со стерилен чај од невен се навлажнуваат очите кај конјунктивитис и иритација на очите.

Невенот исклучително благотворно влијание врз кожата. Се кориси за лекување на изгореници, рани и смрзнатини. Заради присуството на витамин А, тој се корисно и кај псоријаза. Во народната медицина, од ова растение се направени голем број мелеми против импетиго, суви и влажни егземи и лишаи. Го стимулира создавањето на нови клетки, го отстранува гнојниот исцедок, и се користи против гноење на ноктите. Невенот се покажа како исклучително ефективно средство против габи, особено кандида.

Невенот предизвикува потење, па тој се користи против треска и покачена температура. Исто така, тој има  и антивирусно дејство.

Покрај лековитите својства, невенот е многу декоративно растение. Тој лесно се одгледува во градината или саксија. Се размножува од семе. Тоа цвета од мај до ноември. Во лечењето се користи цветот, а  ретко целото растение или свежо исцеден сок кој е многу корисен за кожни промени.

Чајна мешавина за чистење на телото:

Невен (Calendula officinalis ) 20 гр.

Глуварче (Taraxsacum officinale) 20 гр.

Коњска опашка (Equisetum arvense) 20 гр.

Бреза (Betula alba) 10 гр.

Јаглика (Primula officinalis) 10 гр.

Нане (Mentha piperita) 10 гр.

Анасон (Foeniculum vulgare) 10 гр.

Сите растителнија измешајте ги и 4 ( супени лажици ) од мешавината се прелеваат со 750 мл врела вода, се промешуваат, се покриваат и се оставаат да седат 1 час. Мешавината се цеди и се пие една чаша наутро, напладне и навечер, засладен со мед ако сакате. Овој чај се препорачува да се пијат 2 пати годишно на пролет и есен во траење од еден месец.

Чајна  мешавина против настин:

(Sambucus nigra) 20 гр.

Липа (Tillia cordata) 20 гр.

Невен (Calendula officinalis ) 20 гр.

Мајчина душица (Thymus serpilluium)  20 гр.

Шипка (Роса canina) 20 гр. 

Сите растителнија се мешаат. Една (супена) лажица од смесата прелијте ја со една чаша врела вода, се промешува, и се покрива да стои 15 минути. Се пие топло, засладен со мед ако сакате.

Чајна  мешавина против болна менструација:

Валеријана (Valeriana officinalis) 20 гр.

Камилица (Matricaria chamomilla) 20 гр.

Невен (Calendula  officinalis) 20 гр.

(Polygonum hidropiper) 20 гр.

Мртва коприва (Laminium album ) 10 гр.

Virak (Alchemie vulgaris) 10 гр.

Сите растенија се мешаат па 3 (супени ) лажици од мешавината се преливаат со половина литар врела вода, се промешуваат, се покриваат и се оставаат да отстојат половина час. Се процедува и се пие. Најдобро е  да се почне со овој третман десет дена пред почетокот на менструацијата или во текот на целиот месец.

Чајна мешавина против висок холестерол и затнати крвните садови:

Глог (Crataegus oxyachanta) 20 гр.

Невен (Calendula officinalis) 20 гр.

Resnik (Eupatorium canabinum) 20 гр.

Глуварче (Taraxacum officinale) 20 гр.

(Prunus spinosa) 20 гр.

Сите растенија се мешаат и 3 лажици од мешавината се прелеваат со половина  литар врела вода, се промешуваат, и се покриваат и се оставаат да стојат еден сат. Процедете и пијте во текот на денот.

Невеново масло (против рани, егземи, импетиго, хемороиди, изгореници, гноен чир и габични инфекции на кожата):

Во суви временски услови наберете невен (изберете ги оние цветови со поширока форма и по интензивна портокалова боја). Исушете ги на чиста крпа или хартија, во тенок слој на место каде има провев 2-3 дена. После тоа, во чиста и потполно сува тегла наполнете ги овие цветови и  прелијте ги со ладно цедено маслиново, сусамово или тиквино  масло

Добро затворете и чувајте ја на сончево место 4-5 недели. После тоа, маслото треба да го процедите низ стерилна газа и да го чувате во едно чисто, суво стаклено шише во темно, ладно место.

Мелем против проширени вени:

Загрејте еден килограм сало на тивок оган. Кога сосема ќе се стопи, додадете две раце на свежи цветови од невен и неколку суви зелени, семки од див костен.Оставете да пушти пена, отстранете го од шпоретот и промешајте 5 минути. Покријте го и оставете да стои на ладно место  24 часа. Потоа полека загревајте го со постојано мешање додека сосема не се стопи. Филтрирајте го преку стерилна газа и ставете го во чиста, сува тегла. Чувајте го на темно, суво место. Вените се премачкуваат со мелемот секоја ноќ, без масажа од дното кон врвот. Исто така пијте чај за чистење на телото.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter