Дали сте пробале да ги следите сите фитнес препораки и програми за вежбање и сте добиле раезултати од кои сте биле незадоволни? Една работа може да биде проблем. Можеби не вежбате во склад со вашиот тип на тело? Дознајте кој тип е вашето тело и кој план на вежбање е за вас.
Лесно е да прелистуваме списанија и да им се восхитуваме на телата на славните личности да посакуваме да имаме тело како нив., меѓутоа го забораваме фактот дека одредена градба на телото може да биде пречка и големо разочарување колку и да вежбаме.
Со оглед дека вашиот тип на тело воглавно е одреден од генетиката, нема многу што да се направи за тоа да се промени. Постојат три основни типови на тело: мезоморф, ектоморф и ендоморф. Овие типови на тела можат да одредат дали лесно ставате килограми, каде ќе имате масни наслаги и колку лесно добивате мускулна маса.
Мезоморф
Овој тип на тело се карактеризира со јаки коски, добро дефинирани гради и рамена, колкови и ширина на рамената. Овој тип на тело обично лесно губи и добива на тежината, може брзо да изгради мускули и има исправено движење. Најдобра вежба за овој тип се умерени до интензивни кардио вежби. Интервален тренинг е обично добра идеја. Целта е да се комбинираат кратки интервали на изразито интензивни активности со вежби од послаб интензитет. Жените кои имаат ваков облик на тело сакаат да избегнат да изгледаат јако и затоа им се препорачува пилатес, јога или балет како дел од тренингот.
Ектоморф
Овој тип на тело е со брз метаболизам, има долги раце и нозе, мал процент на телесни масти и тешко добива килограми. Со оглед на тоа дека овој тип на тело има послаби коски од останатите типови на тела, тренингот со тежини е многу битен. Се смета дека овој тип на тело има најмногу корист од вежбање со тегови. Освен тоа, одењето на трака се смета за добар додаток на вообичаените кардио вежби.
Ендоморф
Овој тип на тело може да се опише како природно заоблено. Обично добива на тежина во долниот дел на телото и има прилично потешкотии со губењето на килограми. Имаат спор метаболизам во однос на другите типови на тело. Некои од најдобрите кардио активности на овој тип на тело се трчање и велосипедизам, додека пак тренингот со тежини треба да се усмери на често повторување на серии.

