Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ОМЕГА 3-МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ ГO ПОДМЛАДУВААТ МОЗОКОТ

Една од најдоследните здравствени препораки во денешно време се однесува на зголеменото внесување омега 3-масни киселини како што се алфа-линоленската киселина (АЛА), еикозапентаеоичните киселини (ЕПА) и докосахексаеноичните (ДХА). Причината за тоа лежи во докажаното благотворно дејство на омега 3-масните киселини во превенција од појавата и спречувањето на прогресијата на разни болести како што се аритритис, некои облици на карцином, кардиоваскуларни болести, депресија. Овие масни киселини имаат клучна улога во растот и развојот на мозокот и за невролошкиот систем.

ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕДОСТИГ- Од сите органи во човековото тело мозокот содржи најмногу масти. Речиси две третини од мозокот го сочинуваат масти, односно масни киселини. Клучни масни киселини за раст и развој на мозокот се арахидонската киселина (АА) и особено ДХА. Последната е доминатна во градивната структура на мозокот и на мрежницата на окото. Освен што има важна улога во градбата на синаптичките комуникациски центри во мозокот, ДХА го зголемува нивото и на два важни невротрансмитера, серотинин, заслужен за доброто расположение, и ацетилхолин, важен за процесот за помнење.  Повеќето студии ја истакнуваат важноста на ДХА за развојот на мозокот на фетусот и на новороденчето, но се истакнува и позитивната врска меѓу доволното внесување на есенцијални масни киселини, ДХА и менталниот развој и подобрувањето на способноста за учење на децата во предсколшка возраст. Со оглед  дека дефицитот на есенцијалните масни киселини и на ДХА се поврзуваат со некои нарушшувања, како што се нарушување на вниманието, хиперактивно нарушување, дислексија и диспраксија, се смета дека доволното внесување на тие нутриенти го намалува ризикот од овие нарушувања. Освен тоа, дефицитот на ДХА може да има за последица послаба острина на видот, што е разбирливо кога ќе се земе предвид дека оваа омега 3-масна киселина е неопходна за оптимално функционирање на созревањето на мрежницата на окото на видниот кортекс. Доволното внесување ДХА има важна улога во процесот на учење и помнење во текот на целиот животен век, но тоа особено добива на важноство текот на школувањето кога детето се среќава со мноштво нови информациии кои треба да ги усвои. Земајќи ги предвид научните студии кои утврдиле дека децата од предшколска возраст кои внесуваат доволно омега 3-масни киселини , особено ДХА, постигнуваат подобри академски резултати во споредба со оние чие внесување не е доволно, така што станува јасно колку е важно на организмот да му се обезбедаат овие масни киселини.

КЛУЧ ЗА ЗДРАВА БРЕМЕНОСТ- Логиката налага дека и соодветнот внесување ДХА е клучен за здраво одвивање на бременоста. Во истражувањата се покажало дека структурата на мозокот на фетусот зависи од мајчината исхрана во текот на бременоста, што значи дека соодветното внесување на омега 3-масните киселни е од клучна важност не само на идната мајка туку и за менталниот развој на детето. Во прилог на тоа говори и студија објавена во списанието EPIDEMIOLOGY  во која научниците спроведувале истражување во кое сакале да ја откријат врската меѓу мајчиното внесување на риба во текот на бременоста и комуникациските вештини кај 7.421 дете родени во Британија меѓу 1991 и 1992 година. Резултатите покажале дека внесувањето риба кај мајките во текот на бременоста и кај детето постнатално може да се поврзи со подобри резултати во развојот на детето. Исто така, друго истражување покажало дека децата чии мајки внесувале доволни количества есенцијални масни киселини и ДХА покажуваат подобри ментални и психомоторни способности и координацијата на очите и на рацете на возраст од 4 години е подобра во споредба со мајките чие внесубање не било доволно. Омега 3-масните кисилени имаат позитивно дејство и врз самата бременост. Познато е дека жените со ниско количество на овие масни киселини имаат ризик за предвремено пораѓање. Дополнително, научните студии покажале дека омега 3-масните киселини го намалуваат ризикот од прееклампсија, опасни компликации во бременоста и постпородилна депресија. И доилките треба да внимаваат на соодветното внесување омега 3-масни киселини бидејќи мајчиното млеко содржи ДХА, а утврдена е директна врска меѓу ДХА во мајчинотомлеко и невролошкиот развој на доенчето. Јасно е дека нутривниот квалитет на мајчиното млеко, а последично и соржината на ДХА зависи од нутривниот статус на доилката. Здавствените организации оформиле препораки според кои трудниците и доилките би требало да внесуваат минимално 2,6 омега 3-масни киселини и од 100 до 300мг. ДХА дневно за да ги задоволат потребите на фетусот, односно доенчето.

Земајќи ги предвид научните студии кои утврдиле дека децата од предшколска возраст кои внесуваат доволно омега 3-масни киселини , особено ДХА, постигнуваат подобри академски резултати во споредба со оние чие внесување не е доволно, така што станува јасно колку е важно на организмот да му се обезбедаат овие масни киселини.

ШТИТАТ ОД СТАРЕЕЊЕ НА МОЗОКОТ – Во списанието NEUROLOGY во 2004 година објавена е студија која укажува на важната улога на омега 3-масните киселини во одржувањето на соодветна гункција на мозокот кај возрасната популација. Во студијата учествувале 1.613 лица на возраст од 45 и 70 години. Прехрамбените навики на испитаниците биле анализирани по пат на прашалници кои тие сами ги пополнувале, а пет години биле следени нивните когнитивни способности –оимнење, психомоторика, когнитивна флексибилност и вкупната когнитивна функција. Одкако биле земени предвид ризик-факторите, како што се возраста, едукацијата, пушењето, конзумирањето алкохол и внесувањето калории, резултатите покажале дека кај возрасната популација внесувањето омега 3-масни киселини придонесува за подобрување на когнитивните функции. Со стареењето се намалува концентрацијата на есенцијалните масни киселини во ткивото, како и способноста на конверзија на АЛА и ДХА. Бидејќи многуте студии покажуваат дека зголеменото ниво на ДХА во мозокот ги намалуваат губитокот на когнитивните способности поврзани со стареењето и ризикот од Алцхајмеровата болест, може да се заклучи дека оптималното внесубање омега 3-масните киселини е нужно за зачувување на когнитивните функции и на способноста за помнење и дека може да ја одложи појавата на невродегенеративни болести.

ЗАТОА БЕЗ ОГЛЕД НА СВОЈАТА ВОЗРАСТ ОБЕЗБЕДЕТЕ МУ НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ ДОВОЛНО ОМЕГА 3-МАСНИ КИСЕЛИНИ.

 

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional