Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Оригано – богата ризница на антиоксиданси

Ориганото е зачин кој е похранлив дури и од боровинките, портокалите или јаболките. Оваа вкусна билка содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета каротин, како и други хранливи материи.

Истражувањата покажале дека ориганото е 42 пати побогат со антиоксиданси од јаболката, 12 пати од портокалот и 4 пати од боровинката.

Ориганото, како и босилокот и рузмаринот содржи т.н. рузмаринска киселина. Овој јак антиоксиданс помага во спрешување на оштетувањата на клетките предизвикани од слободните радикали. На тој начин се намалува ризикот од рак, срцеви заболувања, атеросклероза и прерано стереење. Рузмаринската киселина има антивоспалително дејство и е ефикасен природен третман за алергиската астма.

Ориганото, исто така, изобилува со антибактериски својства. Содржи тимол икарвакрол. Истражувањата покажале дека овие две соединенија го спречуваат растот на многу видови на бактерии.

Оригано е ефикасен и при лекување на акни, артритис, малигни заболувања, воспалителни состојби и го спречува мутирањето на клетките. Го поттикнува варењето и функционирањето на црниот дроб и жолчката и успешно се применува кај акутните и хроничните воспаленија на синусите, при виросни ифекции, грип, настинка, како и при хронични главоболки.

Tyxo.bg counter