Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Паметни калории: Сладок пијалак кој ги топи масните наслаги

И покрај популарното верување дека бананите или путерот од кикирики треба да се избегнуваат, сепак доколку сакате да изгубите некој килограм, овие две намирници се едни од најпосакуваните состојки за диетален пијалак.

Путер од кикирики – на телото ќе му обезбеди ситост и ќе го снабди со потребните витамини. Хранливоста на овој вкусен намаз во содржината крие протеини и витамин B9 кој е неопходен за производство на нови клетки во телото. 

Мед – лековита намирница богата со хром, минерал неопходен за распаѓањето на јагленохидрати, со што се намалуваат несакани ефекти на земање на големи количини на едноставни шеќери кои се одговорни за масните наслаги.

Банана – изобилува со влакна и калиум, кој помага да се отстрани вишокот вода од организмот. Покрај природните шеќери фруктоза, сахароза и гликоза, таа е одличен извор на енергија за нашето тело, и консумирањето на банана го потиснува лажното чувство на глад кое често не доведува до непотребно јадење. 

Потребни состојки: 

½ чаша нискокалорично млеко 

½ чаша обичен јогурт со ниска масленост 

2 лажици несолен путер путер од кикирики 

¼ зрела банана 

1 лажица мед 

4 коцки мраз

Подготовка на пијалакот: 

Во блендер прво ставете го млекото и јогуртот и додајте го медот, путерот од кикирики и бананата и кратко измешајте. Потоа додадете ги коцките мраз и повторно миксајте додека не добиете изедначена структура. 



Совет: Здравиот пијалак консумирајте го пред тренинг со цел телото во целост да ги искористи сите благодати на здравите состојки.

Tyxo.bg counter