Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Пет ефикасни начини како да ја намалите појавата на брчки

Појавата на брчки на лицето особено, околу очите е чест проблем што се јавува кај лицата во поодмината возраст. Денес ние ви предлагаме неколку начини кои можете да ги користите како превентива од појава на брчки.

1. Трудете се да спиете на грб

Спијте на грб, бидејќи спиењето на страна предизвикува притисок на назолабиалниот набор и придонесува за рана појава на брчки.

2. Конзимирајте повеќе риба

Рибата е здрава за скоро секој орган во телото, па така тука не изостанува ниту кожата. Незаситените масни киселини со кои е богата рибата како и некои други додатни состојки ја штитат кожата и го намалуваат ризикот од појава на брчки.

3. Користете какао

Какаото според многу истражувања содржи многу специфични супстанци кои го подобруваат хидрирањето на целата кожа вклучувајќи ја и кожата на лицето, а со тоа спречувајќи ја појавата на брчки.

4. Витамин Ц

Научниците сметаат дека витаминот Ц можеби е најдобра превентива против појава на брчки. Тој ја штити кожата од ултравиолетовите зрачења и ја одржува пигментацијата. Најдобро е витаминот Ц да се зема на природен начин, преку скоро сите овошја и зеленчуци.

5. Внимавајте со миењето и чистењето на лицето

Според многумина, не е добро многу честото миење на лицето бидејќи ја нарушува нормалната хидратација на кожата и може да предизвика развивање на брчки порано од предвиденото. Користете специјални средства за чистење на лицето кои се клинички проверени, а можете да ги најдете во сите аптеки и поголеми маркети – советуваат научниците.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

Tyxo.bg counter