Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Пет работи кои треба да ги знаете за мускулите

Тајната формула за силни мускули на абдоменот се склековите. Не само што ги зацврстуваат мускулите на градите и рацете, туку овие вежби го зајакнуваат целото торзо. Она на што треба да внимавате е начинот на кој ги изведувате склековите. Истиот мора да биде правилен за да се избегне ризикот од повреди.

Бицепси

Сакате да имате поголеми и силни бицепси? Еве еден ефикасен совет за вас. За време на изведувањето на дел од вежбите со тегови наменети за бицепсите, рацете држете ги пред телото, додека за време на другите вежби од тој тип, ставете ги рацете покрај или зад телото. Промената на положбата на рацете при изведување на вежбите за бицепси придонесува за рамномерен развој на овој двоглав мускул и негов поголем обем.

Раст на мускулната маса

За раст на мускулната маса најважно е да се следи следната формула – тренинзите не треба да бидат долги, туку пократки и интензивни. Бидете умерени со тежината со која ги изведувате вежбите и не експериментирајте со нови додека стандардните вежби не ви покажат резултати.

Исто така, многу е важно да спиете по осум часа на ден, да исхранувате пообилно, но квалитетно (храна богата со протеини, витамини и минерали).

Одмор

Паузите во вежбањето имаат особена важност за раст на мускулната маса и согорувањето на масните наслаги. 

При едно истражување, испитаниците имале задача да  возат велосипед еден час, по што исто толку време одмарале, а на крајот вежбањето го завршиле со возење две тури по 20 минути со пауза од 20 минути. Кога велосипедистите се одмарале помеѓу сетовите, нивото на слободни масни киселини во телото нагло се зголемувало, што е сигурен показател за согорување на масти во телото. Нивото останало зголемено и после вториот сет, како и цел час после вежбањето.

Гради

Градите се голема мускулна група која најбавно се развива и бара ваша максимална посветеност. Често се случува да имате одлични резултати со бицепсите или трицепсите, а на градите да не можете да забележете никаков напредок. 

За развивање на оваа мускулна група, најефикасни се вежбите со кревање тегови на клупа, склекови, вежбање со растегливи траки или влечење на кабли, како и спуштање на разбој. 

Кога изведувате вежби за градите со тегови, обрнете внимание плешките да ви бидат притиснати надолу и што поблиску една до друга, за што повеќе да ви се активираат посакуваните мускули.


 

Tyxo.bg counter