Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Пилинг на кожата со кафе

Кафето е енергетски напиток кој ви дава сила. Но исто така е потребно да знаете дека кафето може да биде идеален природен пилинг за вашата кожа. Повеќето жени користат сок од лимон, грозје или пак јогурт за овај третман, но денес кафето односно пилингот од кафе постана многу популарен, па се повеќе жени го користат, за да имаат убава и здрава кожа.

Како што знаете, потребно е редовно отстранување на мртвите клетки, за да се ослободат порите на вашата кожа и така да му овозможат полесно и подобро да дише. Тоа е причината поради која пилингот е толку потребен за негата на кожата. Тој ќе ве подмлади и ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ви го врати тенот и еластичноста.

Овај третман лесно можете да го направете и дома. Само бидете претпазливи ако вашата кожа е сува или осетлива може да предизвика воспаление и црвенило. Тоа може да го избегнете така што ќе додадете малце маслиново масло или мед.

Кафето содржи многу масти, беланковини, органски киселини и витамин Ц. Сите овие елементи се корисни и спречуваат претерано стареење на кожата. Овај пилинг ќе ве подмлади. Пилингот не се препорачува на лица кои патат од заразни или воспалителни болести на кожата или лица кои се алергични на овај напиток. Освен тоа не се препорачува на доилки и бремени жени.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

 

Tyxo.bg counter