Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Подготовки за натпревар:

Подготовките за натпреварување можат да потраат од 12 до 16 недели.Тоа може да биде подолго или пократко, зависно од која позиција започнувате.

Дневниот внес на калории треба постепено да го намалувате од недела во недела, многу внимателно. Ова намалување треба да се однесува единствено во намалување на мастите, јагленохидратите но никако на протеините. Намалувањето на јагленохидратите може и мора да се компензира со зголемување на внесот на протеини. Со вметнување на аеробен тренинг дополнително се забрзува метаболизмот. Најчесте варијанта е почнувајки 2 пати неделно по 30 мин на собен велосипед, постепено зголемувајки ги вежбите до степен да се прават секој ден.

Последната недела пред натпревар е најкритична, и тогаш скоро сите имаат свои методи на празнење и полнење на гликогенот, и тогаш секоја непромислена варијанта може да ви го уништи сиот ваш повеќенеделен труд.Сето ова е голем тест за силата и психата.

Диетата започнува 14 недели пред натпревар. Пр: Количината на дневен внес на калории за време на фазата,  околу 500 калории, 300гр протеини, 800гр јагленохидрати и масти 50гр.

Првата недела се намалува внесувањето на калории и за 200 и намалување 50гр хидрати. Втората недела се повторува истото намалување за 200 калории, и се започнува со кардио 2 пати неделно, со што внесот на протеини не смее да падне под 30гр.

Оваа постапка се повторува се до 4-5 недели пред натпревар.

И уште една напомена! Убаво е да се излезе на натпревар спремен, но тоа бара вистински пристап кон сето тоа, и бидете спремни за многу откажувања, како телесно така и физички.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional