Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Помалку познати поими

Амиокиселини

Основни градиви елементи на протеините, од вкупниот број (20), 8 задолжително треба да се внесат преку храната или додатоци/суплементи, затоа што самиот организам не може да ги произведи.

Белковини - Протеини

Храна за обновување/одржавање мускулите, кожата, косата, ноктите...составени се од аминокиселини, а се наоѓаат во месото, јајцата, рибата, млекото, мешумнки и житарици.

Ензим

Во човечкиот организам варираат илјадници ензими кои хранливите материи ги претвораат во енергија, а ги елиминираат вишокот на токсини. Ги помагаат, конторлираат и забрзуваат сите процеси во телото.

Фруктоза

Шеќер кој се наоѓа во овошјето и медот. Го забележуваме и во многу производи за дијбетичари.

Гликоген

Облик/Аларм кој го потхранува телото со енергија, околу 100грама гликоген е складиран во џигерот и мала количини во мускулите. Кога телото има потреба од него  ( во текот на телесен напор), брзо преминува во крвта за да обезбеди енергија.

Глукоза

Прост шеќер кој е растворлив во вода, обезбедува моментална енергија на целиот организам. Вишокот на јаглехидрати се претвораат во глукоза.

Глутен

Белковина која се наоѓа во житариците, некои луѓе не го поднесуваат глутенот, па за да не дојде до оваа појава од мали нозе на децата постепено им се вметнува во исхраната.

Био храна

Храна која е целосно природна, која во текот на одгледувањето не подлежи на гној, пестициди, адитиви, вештачки бои, ароми и шеќери.

Лактоза 

Шеќер кој најчесто го среќаваме во млекото, сирењето и јогуртот.

Лецитин

Збир на липиди (масти) добиени од семето на сојата, лецитинот го подобрува памтењето, го намалува стресот и тенденцијата за добивање на камен во жолчката.

Масти /Липиди

Хранливи материи кои рапидно даваат енергија, помагаат во одржувањето на телесната температура и го засилуваат вкусот на храната. Се наоѓаат во сите врсти на масло, некои меса, млеко, сирење, риба, семиња, јаткасти плодови. 9 калории по грам.

Сахароза

Спој на гликоза и фруктоза, обичниот шеќер кој го употребуваме во исхраната, а го има во шеќерната репка и некои овошја.

Скроб

Сложен јаглехидрат добиен од гликоза, намирници кои содржат скроб ( житарици и компир ).

Витамини

Ги има речиси во сите намирници повеќе или помалку, клуч за општото здравје, раст и прехрамбен баланс.

Влакна

Составен дел на многу намирници кои не се абсорбираат од страна на цревата, но гопомагаат варењето на храната и со себе "земаат" многу штетни материи, прават чистење на организмот, постојат повеќе врсти целулоза, пектин...ги среќаваме во интегралните житарици, овошјето и зеченчукот.

Tyxo.bg counter