Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Помалку јаглехидрати - побрзо слабеење

Намалете ги мрснотиите или јаглехидрати. Краткорочно гледано, диета со редуцирани јаглехидрати дава најголемо намалување на телесната тежина, покажува истражувањето што го спроведе шведскиот весник „Дагенс нихетер“ во однос на предностите и лошите страни на разни методи за слабеење.

Се води жешка дебата дали би требало да ги прескокнеме пастата и лебот, или да избегнуваме мрснотии за да ја намалиме телесната тежина и да се чувствуваме подобро.

„Дагенс нихетер“ направи досега најголемо истражување околу тоа како популарните диети влијаат врз телесната тежина и здравјето. Притоа е направен темелен увид во резултатите од најобемните студии за слабеење во светот.

Методите за слабеење се делат главно на три видови: ниска јаглехидратна диета без паста и леб, традиционална исхрана со малку мрстнотии и поизбалансираната традиционална медитеранска диета со многу зеленчук и маслиново масло.
 
Гените прават, на пример, различно да реагираме на јаглехидрати и на мрснотија во храната. Еден дел луѓе од генетски причини можат да бидат екстра чувствителни на брзи јаглехидрати и полесно добиваат вишок килограми доколку јадат многу бел леб, ориз и шеќер.

 Се поголем број студии покажува дека нашите гени можат да ни го зголемат ризикот од дебелеење. Најверојатно ќе можеме да осмислиме модели на исхрана според нашите гени, но се уште не сме стигнати дотаму, вели Критиан Берне, професор по медицина при Универзитетот во Упсала.

Tyxo.bg counter