100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Предизвик за посилните - склекови на карики

Модифицирањето на гимнастичките карики (во Америка се нарекуваа TRX Suspension Trainer) а се корисни затоа што имаат широка намена во тренингот на спортистите. За нивното големо враќање на фитнес сцената заслужни се американските војски кои во текот на Заливската војна, ги носеле со себе за да можат да вежбаат на фронтот.

Како идеална справа за припремање на спортистите, кариките се откриени од тренерите на професионалните возачи на мотоциклисти и денес со веслачки ергометар, ги користат на повеќемесечните турнири.

Склековите на карики се едноставни, но ефективна вежба со која ќе го зајакнете горниот дел од телото. Можете да работите така што нозете ќе ги ставите на клупа или на топка, во зависност од тоа колку сте физички спремни.

На прашањето кои се предностите на овие вежби со модифицирана гимнастичка карика, одговорот е едноставен: на нив го тренирате целото тело, лесно можете да ги носите насекаде и секаде да ги поставите. Иако е вистина дека со нив вежбите ги изведувате со вашата сопствена тежина, сепак со наклонот на телото можете значајно да влијаете на оптеретувањето: кога е телото под голем агол во однос на подот, тогаш оптеретувањето е помало, а кога е телото во  хоризонтална положба, тогаш оптеретувањето е поголемо.

Склекови со карики со нозете потпрени на бенч

1. Поставете се во почетна положба на склек со рацете испружени на кариките, а стапалата на клупата или пилатес топка. Поради топката ќе морате да одржувате рамнотежа, но затоа посилно ќе ги активирате таканаречените стабилизатори на трупот (ги активирате и стомачните мускули).

2. Телото држете го затегнато и спуштајте се со трупот кон подот повлекувајќи ги лактите. Кога дланките ќе дојдат рамно со градите, вратете се во почетна положба. Колку пониско се спушатате, толку повеќе ги погодувате мускулите на градите.

Кога се спуштате надолу - вдишете, а издишете кога се враќате нагоре.

Вежбите можете да ги правите и обратно, односно со грбот ќе се спуштете до подот а ќе се повлекувате нагоре. На тој начин работите со спротивните мускули (грб и бицепс).

 

 

 

 

Tyxo.bg counter