Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Предијабетес

Предијабетес е состојба на зголемено ниво на шеќер во крвта, но не доволно за да се класифицира како дијабетес мелитус тип 2. Нелекуван, предијабетес мошне веројатно дека ќе премине во дијабетес тип 2 во рок до 10 или помалку години.

Симптоми

Предијабетес обично нема некои значителни знаци и симптоми.

Хиперпигментирани делови на кожата, состојба наречена акантозис нигриканс, е еден од малкуте знаци на предијабетес. Најчестите регии кои можат да бидат афектирани се вратот, пазувите, лактите, колената и на зглобовите од базата на прстите од раката.

Следниве знаци и симптоми треба да бидат аларм за пациентот, а тие вклучуваат:

- зголемена жед 
- зачестено уринирање
- замор
- заматен вид

Причини

Точната причина за појава на предијабетес е непозната, иако истражувачите откриле некои гени кои се поврзани со инсулинската резистенција. Прекумерната телесна тежина, особено висцералната дебелина (масни наслаги на абдоменот) и неактивниот животен стил се исто така важни фактори за развој на предијабетес.

Се знае дека луѓето кои имаат предијабетес неможат во целост да го преработат шеќерот во крвта (гликозата). Ова предизвикува натрупување на големи количини на гликоза во крвотокот, наместо да се искористува од клетките на организмот за енергија.

Најголемиот дел од гликозата во организмот доаѓа од храната која што се јаде, особено храната која содржи јаглехидрати. Било која храна која содржи јаглхидрати, може да го афектира нивото на шеќер во крвта, а не само благите хранливи продукти.

За време на варењето на храната, гликозата навлегува во крвотокот, и со помош на инсулинот, навлегува во клетките на организмот кои ја користат за енергија.

Инсулинот е хормон, кој се лачи од страна на панкреасот, жлезда лоцирана веднаш под желудникот. Кога се јаде, панкреасот го секретира инсулинот во крвотокот. Како што инсулинот циркулира во телото, тој служи како клуч кој ги отвора микроскопските врати, кои и овозможуваат на гликозата да навлезе во клетките. Всушност, инсулинот го намалува нивото на гликоза во крвта. Како што опаѓа нивото на гликоза во крвта, така се намалува и инсулинската секреција.

Кај предијабетес, овој процес не функционира нормално. Наместо да ги снабдува клетките со енергија, гликозата се натрупува во крвотокот. Ова се јавува поради недоволно лачење на инсулин од страна на панкреасот или клетките стануваат резистентни на инсулин.

Ризик фактори

Истите фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес мелитус тип 2 го зголемуваат ризикот и од предијабетес, а тука се вбројуваат:

Дебелина. Зголемената телесна тежина е примарен ризик фактор за предијабетес. Колку што е човекот подебел, особено околу стомакот, толку поголема резистенција се создава кај клетките за инсулин.

Неактивност. Непрактикувањето на физичка активност го зголемува ризикот од предијабетес. Физичката активност ја контролира телесната тежина, а со тоа ја намалува резистентноста на клетките кон инсулин.

Возраст. Ризикот за предијабетес се зголемува со тек на стареењето, особено после 45 година. По оваа возраст, се смета дека луѓето помалку вежбаат, ја губат мускулната маса и ја зголемуваат телесната тежина. Сепак, повозрасните луѓе не се единствените кај кои ризикот од предијабетес и дијабетес тип 2 е поголем. Овие состојби може да се сретнат и кај младата возрасна група.

Фамилијарна историја. Ризикот за предијабетес се зголемува ако родителот или член од најблиската фамилија има дијабетес тип 2.

Раса. Иако не е сигурно зошто, луѓето кои припаѓаат на одредени раси развиваат предијабетес почесто од останатите.

Гестациски дијабетес. Доколку жената за време на бременоста развие гестациски дијабетес, ризикот за понатамошно појавување на дијабетес тип 2 е зголемен. Доколку мајката роди бебе потешко од 4.1 килограми, таа има зголемен ризик од дијабетес.

Полицистичен оваријален синдром. Кај жените со овој синдром, кој вклучува нерегуларни менструални циклуси, прекумерен раст на влакна и дебелина, ризикот за дијабетес е поголем.

Неадекватно спиење. Неколку неодамнешни студии го поврзаат недостатокот на спиење со зголемен ризик од појава на инсулинска резистенција. Истражувачите сугерираат дека долгогодишното спиење по 5.5 часа во ноќта, го зголемува ризикот од предијабетес и дијабетес тип 2.

Од останатите состојби асоцирани со предијабетес, ќе ги вклучиме:

- висок крвен притисок
- намалено ниво на ХДЛ (добар) холестерол
- зголемено ниво на триглицериди

Компликации

Прогресијата на предијабетес во дијабетес тип 2 е најсериозната консеквенца на нетретираниот предијабетес.

Компликациите на дијабетес тип 2 вклучуваат:

- висок крвен притисок
- високо ниво на холестерол
- срцева болест
- мозочен удар
- бубрежни заболувања
- слепило
- гангрена и ампутација на екстремитет

 

 

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional