Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Придобивките на зелениот чај

Зелен чај односно неговите  екстракти, се составен дел од речиси сите производи за слабеење.

Зелениот чај ги содржи следните состојки

Танин

Група на едноставни и комплексни феноли, полифеноли и флавонизирани состојки.

Затоа што се произведуваат од растенија, танините се релативно отпорни на варењето на храната и ферментација. Танините дејствуваат како контрактивни, ги собираат ткивата  и ги контрахираат структуралните протеини на кожата и слузницата. Се поврзуваат со животинските  и растителните протеини, делуваат анестетично и редуктивно, па поради тие особини се и многу моќни антиоксиданси.

Катехини

Катехини се од категоријата на полифеноли. Во зелениот чај, катехините се присутни во значителни количества, поточно epicatechin (ЕС), epigalocatechin (EGC), epicatechin gallat (ECG ) и epigalocatechin galate (EGCG). EGCG сочинува 10-50% од вкупната содржина на катехини  и се смета за еден од најпознатите катехини - со антиоксидантна  активност, 25-100 пати посилни  од  витаминот Ц  и Е.

Една чаша  зелен чај обезбедува 10-40 мг. на полифеноли, а антиоксидантната содржина е неколку пати посилна од брокула, спанаќ, моркови и јагоди.

Флавоноиди

Флавоноидите  се растителни пигменти, светло обоени хемиски состојки во повеќето свежо овошје и зеленчук. Заштитуваат и помагат за време на инфекции. 

Теанин

Теанинот е аминокиселина која има смирувачко дејство на мозокот. Може да се пронајде во листот на растението сенша. Теанинот е различен од полифенолите и катехиновите антиоксиданти, но содржи уште една причина зошто да се конзумира зелениот чај.

Употреба на зелениот чај во бодибилдингот

Зелениот чај е сјајна замена за ECA (Ефедрин-кофеин-аспирин). Зелениот чај содржи мала доза на кофеин,  а теанинот дејствува на вашето ментално релаксирање.

Истражувањата сугерираат дека суплементацијата со зелен чај може да го зголеми метаболизмот за 3%. Затоа ќе ви бидат потребни три шољи на ден. Ако сте на диета од 2000 калории на ден, со зелениот чај ќе согорите 60 додатни калории.

Сите чаеви доаѓаат од ист извор. Лековитото растение на чајот е член на фамилијата Camellia (Camellia sinensis). Црниот чај, оолонг чај и зелениот чај се деривати на ова растение. Начинот на кој се приготвува ја одредува неговата боја. После собирањето, лековитото растение на чајот се ферментира, а потоа се загрева за да се спречи процесот на ферментација. Овој процес на ферментација е одговорен зошто кофеинот е составен дел на чајот. Што подолго се ферментира, чајот ќе содржи повеќе кофеин. Причината зошто зелениот чај има толкава важна улога по здравјето е затоа што подолгата ферментација  уништува многу супстанции кои се толку делотворни за нашиот организам.

Постојат големи разлики во квалитетот на чајот. Кога станува збор за отценување чајот може да се спореди со виното. Сите оние паковања  кои се нарекуваат чај ни приближно не можат да се мерат со оној прав, лиснат облик, било да станува збор за вкус или квалитет. При селектирањето на чајот и неговото паковање во вреќечки за комерцијална продажба, произведувачите одбираат најефтини и најслабо квалитетни листови на чај.

Потоа се пакува во мали вреќички каде се елиминира вкусот и некои многу здрави макронутриенти. Затоа се препорачува да се нарача чај во негов прав облик, како цел лист. Пробајте да побарате органски одгледуван чај.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional