Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Природни пилинзи

Со помош на пилингот ја чистиме кожата и го поттикнуваме растот на новите клетки, производството на колаген, а се подобрува и бојата и текстурата на кожата.

Резултат- чиста, мека и здрава кожа.

Еве неколку пилинзи:

Пилинг за лице од праска


Изгмечите половина праска и додајте 2-3 лажички кокосово брашно, 3 капки етерично масло од лаванда и половина лажичка масло од авокадо.

Се добро промешајте и нанесете на лице. Добро истријте го лицето со смесата и измијте се со млака вода.

Пилинг за лице од бадем

Измелете ги бадемите за да добиете 2 лажички и додадете 1 лажичка смеса од кајсија и 3 капки етерично масло од камилица.

Овој пилинг е погоден за сите типови на кожа. Доколку сакате да го нанесете на тело, само покрупно исецкајте ги бадемите.

Пилинг за тело од кафеав шекер и магдонос

Во 4 лажици кафеав шекер додајте 3 лажички ситно исечкан магдонос, 5 капки етерично масло од ѓумбир и 1 лажичка билно масло од бадем.

Добро измешајте и нанесете на тело.

Пилинг за тело од мелен ориз и лаванда

Во 4 лажички мелен ориз додадете 1 лажичка здробени цветови лаванда и 2 лажички билно масло од кантарион.

Овој пилинг е добар за воспалена и иритирана кожа.

Не заборавајте дека се што ставаме на себе, кожата упива 60%.

Баш заради тоа, свежите состојки се најдобар избор.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter