Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Разубавување со јагоди: 6 рецепти за секоја жена

Јагодите не се само вкусен десерт кој со задоволство си го дозволуваме, туку се и многу корисни за нашето здравје. Изобилуваат со витамин Ц, железо, фолна киселина, цинк...Освен тоа што се богати со антиоксиданси и витамини, ја хранат кожата и ја прават мека, мазна и блескава. Ова вкусно овошје може да се користи и како третман за убавина кој ќе ја подмлади кожата на вашето лице и ќе го врати нејзиниот сјај.

Затоа ви претставуваме неколку корисни рецепти за убавина кои се практични и мошне корисни за овој период од годината.

Маска од јагоди и мед

За оваа природна маска потребни ви се само јагоди и мед. Со виљушка испасирајте пет поголеми јагоди, додадете малку мед и измешајте. Смесата нанесете ја на лицето и вратот и оставете да отстои помеѓу 15 и 30 минути, а потоа исплакнете се со вода, правејќи кружни движења со дланките. Маската делува како пилинг кој ќе му даде сјај на лицето и ќе ја направи вашата кожа мека, блескава и мазна.

Јагода пилинг 

Овошната киселина која може да се најде во јагодите помага во отстранувањето на мртвите клетки од кожата и обновување на истата. Затоа ви препорачуваме еден интересен њујоршки рецепт кој е многу едноставен, а воедно и многу ефикасен. 

Претходно измиената кожа убаво поминете ја со половина исечена јагода така што ќе правите кружни движења. Откако ќе го направите тоа оставете го сокот од јагодата да дејствува неколку минути, па исплакнете ја кожата со млака вода и нанесете млеко за тело. 

Скроб за стапала од јагоди

Сезоната на сандали и боси нозе е пред нас, па на нашите стапала ќе им биде потребна мала помош за да изгледаат убаво. За да го постигнете ефектот на нежни и негувани стапала направте скроб од јагоди. 

Ќе ви бидат потребни 8 јагоди, 2 лажици маслиново масло и 1 мала лажичка морска сол. Измешајте ги состојките во паста која ќе ја втриете во кожата на стапалата и ќе ја оставите да дејствува 20-тина минути. Потоа измијте се и нанесете крем.

Со јагоди против отечени очи

Станавте од спиење и очите ви се отечени? Земете една јагода и исечете ја на парчиња кои ќе ги нанесете под очите. Оставете ги да делуваат 10 минути, а потоа измијте се.

Рецепт против мозолчиња

Ве мачи она ужасно мозолче на вашето чело? Земете неколку јагоди и во нив додадете 1 лажица павлака. Убаво испасирајте ја смесата, а потоа нанесете ја на проблематичните места. По 10 минути отстранете. 

Регенаратор за коса

Ова е вистинскиот рецепт за сите оние кои сакаат сјајна и мазна коса. На 8 свежи јагоди додадете 1 лажица мајонез. Смесата ставете ја на влажната коса, добро измасирајте, а потоа ставете ја капата за туширање и завиктајте се со топол пешкир. Оставете да дејствува 15 минути, а потоа измијте се со шампон.

 

 


 

 


Tyxo.bg counter