Нема сомнение Jamie Eason е еден од најпознатите модели во фитнес индустријата. Освен што работи како фитнес модел и писател за страницата bodybuilding.com. се појавува и на насловните страни на многу списанија за фитнесот и здравјето, како и во каталози за облека, долен веш и купачи костими. Патувајќи низ светот, каде и да се појави го промовира здравиот начин на живот, вежбањето и здравата исхрана. Исто така дизајнира и сопствена линија на облека за пливање. Но во нејзиниот живот од секогаш не било толку сјајно, и таа како и сите останати спортисти вложила многу труд и време за да денес постане икона на целиот свет.
После завршувањето на факултетот се вработила во секторот за човечки ресурси и маркетингот, но бидејќи својот живот не сакала да го помине во канцеларија, ја променила оваа работа и се вработила во фирмата на нејзиниот дедо. Еден нејзин другар ја наговорил да се пријави за cheerleadersica ( да навива ) за една екипа во Хјустон. Во тоа време не верувала дека може да успее, но и покрај тоа што се натпреварувала со 1600 жени, неколку дена после аудицијата веќе била дел од тимот. Тоа било фантастично искуство за младата Jamie.
Но за жал нејзината кариера се завршила, кога на 22 годишна возраст и е дијагностициран рак на дојката, но се благодарение на нејзиниот карактер и желба за живот таа се опоравила многу брзо.
Неколку години покасно се соочила со нови проблеми. После одењето во болница поради небитна повреда да грбот, дијагностирана и е spina bifida oculta (расцепување на кичмата). Но тоа неместо да ја поколеба, тоа повеќе ја поттикна да се занимава со спорт и здравиот начин на живот. Ангажирала свој личен тренер и советник за исхрана кои и го покажале вистинскиот пат. Научила како правилно да вежба и кои се тајните на здравата исхрана. После неколку месеци од таквиот режим постигнала трансформација и почнала подобро да се осеќа, како телесно така и емотивно.
Набргу после тоа следело и прво натпреварување каде победила. После тоа одлучила своите знаења да ги сподели со другите и да ги инспирира и нив да го прифатат здравиот начин на живот. Денес таа има сопствена страница на интернет каде ги дели своите совети за вежбањето и исхраната ( www.jamieeason.com ), а меѓу другото таа кажува:
“Ова е твој живот! Ако не ти се допаѓа или не си тоа што би сакал ти да бидеш, тогаш промени го! Нема да биде лесно и треба многу време, но биди опкружен со луге кои те поддржуваат и сакаат, и бори се затоа! Немој да си го трошиш своето време и немој да се жалиш! Ти посакувам многу среќа и издржливост! Треба да верувате во себе и со здравиот начин на живот ќе можеш да постигнеш се во животот.”
Дневниот распоред на оброците Jamie Eason :
.jpg)
06:00 - Половина чаша овесни снегулки и пет белки со сецкани пиперки и кромид.
09:00- Торта направена од ориз со две лажици цимет и свежо сирење.
12:00 - Печена кокошка со половина чаша ориз и зеленчук приготвен на пареа
15:00 - Две пченкарни тортиљи подготвени од црн грав, пиперки, кромид и печена кокошка.
18:00 - Мисирка со слатки компири и една чаша варена брокула.
21:00 - Белки од шест варени јајца сечени на половина и полнети со конзервирана туна. Туната може да се измеша со целер, лук, сенф и други зачини.
Еден пример на неделната програма за обука:

Понеделник:
Грб: (зголемување на тежината во секој сет)
-Pull-up 5x5 (бавно и контролирано)
-Еднорачно веслање со претклон со тежина (3x10)
-Т-веслање (3x10)
-Веслање на машина во седечка положба(3x10)
Лат машина (3x10)
Кардио:
загревање 6 километри/час 3-5min, 20 мин. забрзување-30 сек спринт, 30 секунди одмор (после тренинг)
Вторник:
Рамена (Тежината се зголемува во секоја наредна серија)
-Потисок со тежини во седечка положба (3x10)
-Лептир машина во обратна насока (за рамена, 3x10) и преден војнички потисок со шипка (суперсесија)
-Кардио: 40 мин чекор во stepmill машина (ескалатори), ниво 9
Среда :
Нозе (Квадрицепси и листови)
-Ножна екстензија во седечка положба 1X 20, 3x10 последна серија
-Чучњеви на Смит машина (3X15)
-Ножен потисок на справа (3X15)
-Искорак со тежини +адукција на машина (3X20 суперсесија)
-Стоечко подигнување на прсти за листови (3X20)
-Седечко подигнување на прсти за листови (3X20)
-Кардио трчање 1600 м.
Четврток:
-Кардио по избор 40-60 мин.
Петок
Раце, гради и стомак (со активен одмор)
-Потисок со тежини во седечка положба 2X10, следува веднаш после наизменичен бицепс прегиб со тежини 2X10,
-Подигнување на колена на римска справа (3X10)
-Коси стомачни вежби(наизменично рака-нога) 3x25 )
-Сабота
Нозе
- Екстензија на потколеницата на машина–задна ложа hamstrings (1x20, + лесно, 3x10 последната серија до неуспех)
- Чучњеви на Смит машината 3x15)
- Ножен потисок на машината ( 3x15 серија )
- Кардио: Трчање 1600 м.
Недела: одмор

