Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Сончоглед - растение кое се бори со холестеролот

Сончогледот е едногодишна билка, која може да достигне висина и до четири метри. Листовите се крупни, поединечни, со долги дршки и се налик на срце. На стеблото обично се развиваат 20-25 листови. На врвот од стеблото се развиваат цветовите. Постојат два вида на цветови: крупни цветови кои го формитаат жолтиот венец и ситни цветови кои го формираат плодот. Зрелиот сончоглед може да содржи до половина килограм семки.

Денес се познати многу сорти на сончоглед. Ситно црни семки го доваат високо квалитетното масло, а крупните сивкасто - црни семки со бели линии служат за јадење. 


Семките на сончогледот (100 гр.) содржат 25 мг. белки, 42 мг. масти, 21 мг. јаглехидрати и 4 мг. растителни влакна. Енергетската вредност изнесува 2450 кЈ (585 кцал). Содржи витамин А, витамин од групата Б, витамин Е, а од минералите содржи калиум, фосфот, железо и натриум.

Со својата повеќекратна примена, семките на сончогледот се неспоредливи. Идеален е додаток во кујната и печивата, поради убавиот вкус и тоа што остануваат подолго свежи. Се препорачува како додаток во појадокот со свежо овошје, така што, покрај вкусот, го осигурува и биолошката вредност на дневниот оброк.

Сомчогледот можеме да го употребиме како корисен намирник за подготвување на главни јадења, како додадок за супите - ситно исецкан и на суво пржени семки. Целите семки даваат на варивото добар вкус и го обогатува со белковини, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Се употребува и како додаток на салатите. Во исхраната се употребува и при подготовка на колачите, а се грицкаат и како печени семки.

Лековити својства

Според досегашните испитувања, познато е дека семките на сончогледот го спречува зголемувањето на холестеролот во крвта. За време на бременоста го обезбедува организмот со незаситени масни киселини, кои се исклучително важни за развојот на плодот. Ја подобрува работата на штитните жлезди и нормалната функција на кожата, црниот дроб и бубрезите. Големо значење има и витаминот Е кој се наоѓа во маслото на сончогледот, а помага и во заштитата од создавање на згрутчувања во крвните садови. Исто така, семките на сончогледот имаат и антиоксидационо дејство.

Важно е да се истакне дека лецитинот кој се наоѓа во семките на сончогледот, служи како природна заштита на срцевите крвни садови и зголемен холестерол. 

При подготовка на салатите, најдобро е да се користи ладно цедено сончогледово масло при подготовка на салатите. Кај така подготвеното масло не се намалува незаситените масни киселини (65%), што инаку се прави при производство со топол технолошки процес.

Tyxo.bg counter