Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Супер моќен пијалак на младоста готов за 1 минута

Снабдете се со неколку здрави намирници и за една минута можете да подготвите моќно „аnti age“ фрапе, кое слободно можеме да го наречеме бомба полна со антиоксиданси кои ќе ве заштитат, но и ќе го нахранат вашето тело со она што го прави убаво.

Ова фрапе со полномасно млеко или сладолед можете да го послужите како освежувачки десерт, а доколку ги измиксате точните намирници ќе замените еден оброк кој ќе ви ги обезбеди потребните хранливи материи. Пијалакот кој ќе ви го претставиме е незаменлив антиоксансни оброк кој го спречува стареењето, а во него можете да уживате еднаш дневно, наутро или навечер, зависи од вас. 

Потребни состојки

Суви сливи – една шолја

Сливите во сушена форма содржат скоро 6 пати повеќе антиоксиданси отколку свежото овошје. Тие се извор на магнезиум и калциум, а не е потребно да спомнуваме дека тие се спасители во случаите кога ништо друго не ни помага за да го олесниме варењето. 

Боровинки - ¾ чаша свежи или замрзнати 

Секое внесување на овие темно сини топчиња ќе ги развесели вашите крвни жили кои во нив ќе видат сојузници во одржувањето на нивната флексибилност и општото здравје. Anthocyanin-от кој го содржат боровинките се смета за најсилен антиоксиданс кој ги неутрализира слободните редикали, додека Pterostiben-от помага во регулацијата на холестеролот во крвта. 

Ленено семе – 2 лажички

Семињата најчесто ги внесуваме преку лебот или пецивата, но треба да ги консумираме почесто поради вредните омега-3 масни киселини, кои се сојузници на блескавиот тен и правилно варење. Освен кожата, од оваа фантастична намирница која на фрапето ќе му даде вкус на јаткасти плодови, ќе профитира и срцето, дебелото црево, но и мозочните клетки. 

Рибино масло – содржина од една капсула

Заборавете на грозниот вкус во устата кој останал додека како дете за зајакнување на коските сте морале да пиете црвени мали топчиња исполнети со рибино масло. Преполно со витамин Д, рибиното масло од црниот дроб на бакаларот ги чува коските, зглобовите, помага во превенција на неколку видови на канцерогени болести, го чува срцето, мозокот, очите и косата. 

Сурутка – 2 лажици прашок 

Овој протеин веројатно е познат на финтес ентузијастите, бидејќи токму тој е издвоен како еден од најздравите состојки за шејкови по тренингот. Во ова фрапе неговата примарна улога е изградбата на мускулното ткиво и подолго одржување на ситост. 

Квасец во прав – 1 чајна лажичка

Да се прашаат кожата и коските, витаминот Б (Б1, Б2, Б5, Б6 и Б12) треба да биде дел од секој оброк кој го внесуваме. Овие скапоцени хранливи материи ги зајакнуваат, но и ги разубавуваат повеќе од најскапите препарати за подмладување. Со железото, калиумот и калциумот, оваа состојка е важен дел од овој прекрасен пијалак.

Подготовка: 

1. Сите состојки ставете ги во блендер. 

2. Ставете коцки мраз. Нивниот износ зависи од тоа колку густ, односно редок го сакате шејкот. По желба засладете со малку мед.

3. Измешајте, ставете во чаша и уживајте пиејќи го овој пијалак на младоста.

 


Tyxo.bg counter