Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Сусам

Сусам е едно од најстарите култивирани растенија, составен дел на кулинарскиот свет на Блискиот и Далечниот Исток. Сусамовото  зрно не само што дава идентитет на секое јадење, него е вистинско откритие во светот на хранливата кујна. Зрното со должина од 3 мм, ширина 2 мм. и дебелина 1 мм. игра незаменлива превентивна улога не само за варење, но и за нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Сусамот(Sesamum indicum) е едногодишно тревесто маслодајно растение. Произлегува од африканските видови Sesamum alatum и Sesamum capence.
Од Африка сусамот  е пренесен во Индија и Кина, од каде подоцна се појавува најголемата  разновидност на форми на сусам.

Претставува кичеста грмушка со должина од 50 см. до околу 2 метри и месести  листови кои емитуваат омаен мирис за време на цветање. Листовите му се со кратки рачки, назабени и оформени на различен начин.
Сусамовите бели или розови цветови се  полни со околу 20 мали, рамни, овални семенци, обоени во белa, кремастa, кафеавa или  со црна боја (според видот).
Постојат 12 типа сусам, а  повеќе светлите семенца се ценети на Запад и во Блискиот Исток, додека црните се омилени главно во Далечниот Исток.

Одгледувањето на сусам е релативно долг и тежок процес, ете зошто голем дел од земјите во светот сакаат да увезуваат, наместо сами да одгледуваат опвој  миризлив зачин.
Се тврди дека сусамот  потекнува од Индонезија и Источна Африка, како подоцна се шири во останатиот дел од Азија и Северна Африка. Денес релативно голем број земји се занимаваат со производство: Индија, Кина, Пакистан, Судан, Мексико, Нигерија, Турција, Венецуела, како и многу земји во Африка и Централна Америка, а главни негови потрошувачи се Европа, Јапонија и САД.
Поради вредните својства на малите зрна и нивната улога особено во диететска кујна,  започнува да расте побарувачката на зачини.

Популарни производи од сусам

Сусамови ореви (семе);
Сусамово масло;
Сусамова паста – која се прави од бланширан сусам.

Историја
Асирските  легенди  раскажуваат  како во длабоката древност, кога боговите се сретнале за да го создадат светот, тие пиеле вино, направено од сусамово семе.
Сусамот, како една од најстарите зачини, повеќе пати се споменато во различни стари текстови и историски пишани сведоштва.

Првите податоци за постоењето на оваа маслодајна култура доаѓаат од Кина, каде уште 5 000 година п.н.е. се правело мастило од црните саѓи добиени при согорување на сусамово масло за осветлување. Жените во Антички Вавилон пак верувале дека сусамот, помешан со мед и алва ја зајакнува нивната убавина. Во Индија сусамот  бил симбол на бесмртност.

Приближно 4 000 година п.н.е. се појавуваат фрески во египетски гробници, каде е насликан пекар, кој става сусам во тесто. Тоа е и периодот во кој Блискиот Исток се претвора во центар за производство на сусам.
Потоа сусамот  брзо влегува во кујната на Античка Грција и Рим и станува дел од менито на античките воини: прехранбен акции, обезбедува енергија и сила.

Сусамови семки

 

100 гр

Калории

586

Калории од масти

426

Общо мазнини

51 г

Холестерол

0 мг

Јагленихидрати

24

Фибри

5 г

Шекер

  ~

Протеини

18 г

Вода

1.6 мл


Сусам, како додаток, со векови се смета за силен афродизијак од народите на Азија и арапскиот свет. Веројатно репутација му се должи на високата содржина на минералите железо, калиум, калциум и магнезиум и витамини Е, А и В9.

Сусамот ги ублажува симптомите при менопауза и значително го зголемува имуниот систем на организмот. Често наоѓа примена во различни гинеколошки и урологични инфекции, а непроценливото  сусамово масло има исклучително благотворен ефект врз крвните садови и соодветно е за лекување на хемороиди.

Се почесто сусамот  почнува да влегува во диететска кујна и тоа не е случајно. Сусамот е  добар извор на калциум, магнезиум, бакар и селен.

Кога ќе се  додаде богатта  содржина на протеини, целулоза, витамини од групата Б и фолна киселина, станува јасно зошто потрошувачката му се зголемува постојано.

Специјалистите  во областа на здравата исхрана советуваат сусамoт  да биде консумиран интегрален, бидејќи содржината на корисните материи, витамини и минерали се намалува значително при отстранување на површинската обвивка на семето.

Здравствени ризици поврзани со потрошувачката на сусам 

Потенцијален ризик поврзан со потрошувачката на овој  зачин, постои само за луѓе кои покажуваат неподносливост кон него. 

Како да се чува сусамот? 

Сусамот  се чува во услови на собна температура, во добро затворен сад. На овој начин рокот  на траење може да достигне до пет години. 

Улога на сусам во различни национални кујни 

Сусам е зачин за која нема кулинарски граници - без разлика дали ќе биде додаден во предјадењето, главното  јадење или десерт, дали ќе биде во комбинација со месо, риба, птици, овошје, зеленчук или тестенини, тој дава исклучителен  идентитет на јадењата , во комбинација со неповторлив мирис. 
Во Европа сусамовото масло се произведува од суров, бел сусам, при процесите на преработка  витамини и другите активни состојки не се уништуваат, а специфичнат материја на сусамот- сезамолин го спречува расипување на маслото и го  намалува нивото на холестерол во организмот и истовремено ги  зголемува резервите на витамин Е.
Факт, кој им овозможува на многу научници  да ја препорачуваат употреба на сусамовото  масло е неговата улога на  моќен антиоксидант против процесот на стареење на клетките. Сусамовото масло произведено од непечен сусам има меко, природен вкус, силно потсетува на лешник. 

 

 

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter