Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Тиква – незини лековити својства

Тиквите на многу луѓе им се омилен зеленчук, посебно во зимскиот период  со оглед на тоа што зрее во есен и се до пролет може успешно да се чува во свежа состојба.  Инаку тиквите често се користат во припрема на десерти, супи и сокови. Овде ке зборуваме за тиквата и незините лековити својства.

Внатрешниот и делот кој се јади од тиквата е со жолто портокалова боја. Важно е да знаеме дека овај есенски зеленчук е богат со антиоксиданти и бета каротен ( провитамин  А), минерали ( цинк и калиум), витамини ( Е,Ц,Б) и растителни влакна. Редовна употреба на тиквата во исхраната овозможува заштита од штетното дејство на слободните радикали. Тиквата исто така го спречува стареењето на организмот, кардиоваскуларните проблеми, дегенерација на ткивото на окото, формирање на катаракта. Благодарение на цинкот пружа подршка на коскената густина и може да послужи како добар сојузник во борба со остеопорозата. Овај зеленчук го регулира варењето на храната и се препорачува на особи со проблеми со желудникот. Делува како лаксатив и е корисно за борба против запек.

Освен тоа малку е познато дека тиквата ја содржи аминокиселината Л- триптофан која што го стимулира лачењето на серотонин во тело и предизвикува добро расположение и чувство на среќа. Така да тиквата како дел од секојдневната исхрана може да спречи настанување на депресија и одржува весела состојба.   

Семките на тиквата можат да спречат настанување на камен во бубрегот. За тоа е потребно секојдневно да јадите од 5 до 10 грама семки. Семките од тиква се богати со цинк така да во денешницава често се додаваат како природно сретство кое се употребува како лек за лечење на простатата. Овај минерал исто така е неопходен и за правилен раст и развој на децата.

 

Масло до семките од тиква , се добива со ладно цедење, се препорачува како помошо средство за сузбивање на многу проблеми, посебно кога се во прашање непријатните проблеми со простатата.

Маслото од тиква е извор на витамин А ( бета каротен), Б1, Б2, Ц, Д, Е и К, потоа цинк, калиум, железо, магнезиум, како и растителни антиоксиданти.

Освен тоа што е корисно за здравјето на мажите, маслото од тиква го зајакнува имунитетот, го смалува нивото на холестерол, го ублажува штетното дејство на слободните радикали, има позитивен ефект врз срцето, крвниот притисок и други важни функции на организмот.  Заради високата количина на есенцијални масни киселини, витаминот Е и бета каротенот корисно е за негата на кожата, така да традиционално се употребува како додаток во разни козметички средства.

Вообичаено маслото од семки од тиква се употребува за готвење и пржење на храна. Исто така е одлличен и здрав прелив за салати кој му дава пријатен вкус доста сличен на орев.

 

Сокот од тиква е добар за бубрезите, го подобрува варењето, добро расположение , а народната медицина го препорачува и за  особите со кардиоваскуларни проблеми. Затоа потребно е секојдневно да испиете 1 дл свежо цеден сок. 

Tyxo.bg counter