Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Типови на масти

Повеќе за природата на мастите

Повеќето вкусни јадења се мрснички. Кои масти ги, содржи нашата храна и што претставуваат? Во овој напис имате можност да се запознаете накратко со различни хемикалии во групата на липидите.

Липидите се делат на три групи: прости, сложени и дериватни масти.

Простите масти

Простите липиди, наречени уште "неутрални", се составени од триглицериди, а тие се комбинација од три масни киселини поврзани со молекула глицерол.

Од тука класификацијата се дели на уште две гранки:

Заситени масни киселини

Едниот крај на молекулите на сите масни киселини содржи метил група, составена од јаглероден атом и 3 водородни поврзани кон неа. Другиот крај на молекулите на сите масни киселини се состои од карбоксилни група од јаглерод, поврзан со единечна врска со ОН (хидрокси група) и со двојна врска со кислород.

Она што ја прави масната киселина интензивна е фактот дека сите соседни јаглеродни атоми во средината имаат единечна врска по меѓу и во секој од нив има и поврзани максимален број водорони атоми. Заради недостатокот на двојни врски, масните киселини се поврзуваат здраво и цврсто и стануваат тешки за распад. Токму поради оваа причина, при прием, е најверојатно да се складираат како телесни масти, отколку ако наместо нив, прифатете незаситени масни киселини (особено полинезаситени). Таков тип на масти најчесто се среќаваат во храната со животинско потекло и млечните производи.

Незаситени масни киселини

Тие содржат една или повеќе двојни врски некаде во синџирот (понекогаш и тројни). Секоја  двојна врска го намалува бројот на водородни атоми, кои можат да се соединат со јаглеродниот атом кој учествува во двојната врска, а тоа прави врските во овој тип киселини тешки за распаѓање. Претежно се среќаваат во храната со растително потекло.

Терминот мононезаситени опишува масна киселина со само една двојна врска (маслиново масло пример), а полинезаситени значи две или повеќе двојни врски (ленено масло).

Најчесто незаситените масни киселини се во течна состојба Тие се најчесто лесни за разградување и веројатноста да се здебелите од нив е помала.

Хидрогениране

Хидрогенирането на мастите значи претворање на незаситени масни киселини во заситени – намалување на двојните врски, масните киселини дополнително се наситуваат со водород, структурата станува отпорна и потешка за распад. Се зголемува и температурата на топење. Овој процес се користи кај слатките, за да се растопуваат во устата а не на прстите бидејќи (таму температурата е повисока). Маргаринот е типичен пример - претставува течна растителни масла, која е претворена во тврда.

 

Истиот процес може да предизвика и формирање на транс-масти. Тие се добиваат кога водородни атоми од вообичаена позиција преминуваат во спротивната (од другата страна на двојната врска). Овие масти се сметаат за најмногу штетни и доведуват кон кардиоваскуларни болести и во последно време производителите се обврзани да ги означат на содржината на етикетите.

Сложени масти

Сложените масти се составени од триглицерид и други хемиски соединенија.

 

Фосфолипиди - Една или повеќе масни киселини, во комбинација со остаток од фосфорна киселина и азотно соединение

Гликолипиди - Масни киселини, во комбинација со глукоза и азотно соединение

Липопротеини - липиди, во комбинација со протеини. Тие имаат транспортна функција.

 

Дериватни масти

Тие содржат јаглерод-водородни прстени, наместо ланци.

Холестерол - мрсна супстанција содржана во секоја клетка во телото и во многу од храната. Секогаш е потребно одредено количество на организмот, но премногу високите нивоа доведуваат до кардиоваскуларни проблеми.

 

Tyxo.bg counter