Кога тренингот со традиционалните тежини станува монотон и без голема мотивација, потребно е да се воведе нешто ново, нешто различно, уште попродуктивно. Користете ја медицинска топка, која како различен облик на тегови во фитнесот нуди повеќе интересни и подеднакво ефикасни начини да се вежба.
Медицинските топки се со различни тежини и најчесто со опсег од 0,5 до 10 кг, изработени од различни материјали и форми: меки, тврди, со или без рачки, со јаже...Секој облик на медицинска топка обезбедува единствен начин на обука, но сите тие имаат иста придобивка. Можат да се фрлат, фаќаат, со нив можат да прават вежби во парови и можат да ги имитираат движењата од речиси сите спортови или да се комбинираат различни потези за да се добијат вежби кои ги активираат неколку делови на телото во исто време.
Исто така се исклучително практични и економичнидоколку ако имаат малку време или простор за вежбање. Се разбира, медицинските топки имат и свои недостатоци. Развојот на мускулната маса, или максимална сила тешко може да се постигне со медицинска топката во однос на нивната ограничена тежина, но како средство за загревање, анатомска адаптација, развој и издржливост, експлозивна сила или намалување на поткожното масно ткиво се неверојатно ефикасни. За остварување на овие цели е неопходно да се извршат поголем број на серии и повторувања по серија било во кружни или мобилни видови на работа. На овој начин, се изведуваат околу 500 повторувања на сесија вомногу кратко време, што поттикнува големи трансформациски фекти на многу едноставен начин.
И кога основните вежби станат премногу лесни,и не го даваат повеќе саканиот ефект, постои можност за нивно менување. Вежбите со медицинските топки лесно може да се направат со зголемување на комплексноста на координативното тело кои вклучуваат повеќе региони на телото во исто време, како што се изведување на чучњеви со рамен потисок во еден повторување. Сето ова ги прави медицинските топки неопходни реквизити во сите Фитнес центри или во домашната теретана.
Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :
Продавница “ Гладијатори 1“ Далматинска 8 Битола 047/241 588 071/309 454
Продавница “ Гладијатори 2 “ Васко Карангелевски 60-1/4 Битола 047/252 109 071/309 459
Продавница и Фитнес Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб Битола 047/242 499 071/309 652
Продавница “ Гладијатори 4 “ Ѓуро Ѓаковиќ 18/4 Скопје 02/60 90 440 072/274 259

