Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ТРИДНЕВНАТА ДИЕТА КОЈА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ОСЛАБЕТЕ 4,5 КИЛОГРАМИ

Ова е уште една хит диета која постои од 1985 година и ден денеска кружи по интернетот.

Тродневната диета има строг режим до која мора да се придржувате. Мора да јадете секој ден во исто време. Потоа три до четри дена можете да јадете нормално, а потоа повторно да ја повторите тродневната диета.

Следбениците на оваа диета велат дека доколку сте дисциплинирани за само 3 дена може да изгубите 4,5 килограми. Вежбањето никаде не се споменува, но би било пожено во текот на диетата да се занимавате со некоја физичка активност.

Тридневната диета има специфично мени до кое морате строго да се придржувате. Не смеете да прескокнувате оброци, а дури и ако не сте гладни мора да го изедете оброкот.

Ова е мените за популарната диета:

Прв ден

Појадок: црно кафе, чај до максимум две мали лажички засладувач, сок од грејпфрут, едно парче леб со путер од кикирики

Ручек: ½ шоља туна, едно парче леб, црно кафе или чај

Вечера: 80 грама било какво немасно месо или пилешко, 1 шоља грашок, 1 шоља морков, 1 јаболко, 1 шоља сладолед од ванила.

 

Втор ден

Појадок: црно кафе, чај до максимум две мали лажички засладувач, 1 јајце, половина банана, 1 парче леб

Ручек: 1 шоља туна, 8 солени крекери

Вечера: 2 шницли говедско месо, 1 шоља брокула, половина шоља морков, половина банана, 1 шоља сладолед од ванила.

Трет ден

Појадок: црно кафе, чај до максимум две мали лажички засладувач, 5 солени крекери, 26 грама сирење, 1 јаболка

Ручек: црно кафе, чај до максимум две мали лажички засладувач, 1 варено јајце, 1 парче леб

Вечера: 1 шоља туна, 1 шоља моркови, 1 шоља карфиол, 1 шоља диња, половина шоља сладолед од ванила.

 

Tyxo.bg counter