Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Три шолји црн чај за снижување на притисокот

Добра вест за оние кои секојдневно пијат по некоја шолја чај – уживајте во овој напиток, може да го снижи крвниот притисок. Истражувачите на Универзитетот во западна Австалија тврдат дека три шолји црн чај на ден ги снижуваат систолниот и дијастолниот крвен притисок. 

Мерењето на крвниот притисок се состои од два броја. Првиот е систолен и го означува крвниот притисок при отчукување на срцето, односно контракцијата преку која телото се снабдува со крв. Другиот број е дијастолниот притисок, кој ја означува количината на притисок помеѓу отчукувањата, односно, додека срцето мирува.

Во малата студија во која учесвувале 95 австралијанци на старост помеѓу 35 и 37 години, испитаниците пиеле по три шолји чај дневно или пласибо со ист вкус и содржина на кофеин. После шест месеци истражувачите откриле дека во споредба со пласибо групата, учесниците кои пиеле црн чај имале понизок систолен и дијастолен притисок.

Авторите на студијата, која е објавена во архивите на интерната медицина во Австралија, сметаат дека таквиот пад на притисокот може да значи намалување на заболените од хипертензија и срцеви заболувања дури за 10 одсто. 

Освен поэиивното влијание на притисокот, црниот чај е богат и со полифеноли, антиоксиданси кои го спречуваат растот на канцерогените келии.

Уште една студија од Хардвард открива дека овој напиток го зајакнува имунолошкиот систем, а сега, научниците тврдат дека влијае и на здравјето на срцето.

Сепак, нагласуваат стручните лица, една шолја чај нема да ја надомести штетата која ја причинува лошата исхрана и начин на живот. Затоа, за да се одржува крвниот притисок во нормала, важно е да се намали внесувањето на сол и алкохол, да се јаде повеќе овошје и зеленчук и редовно да се практикува физичка активност.

Продавници за здрава био храна, храна за спортисти, суплементи, професионална фитнес и кардио опрема, домашна фитнес и кардио опрема, опрема за бокс, професионални и домашни анализатори на тело и ваги, фитнес облека, аксесоари :

 

Продавница “ Гладијатори  1“   Далматинска 8   Битола  047/241 588  071/309 454

Продавница “ Гладијатори 2 “  Васко Карангелевски 60-1/4 Битола   047/252 109  071/309 459

Продавница и Фитнес  Центар“ Гладијатори 3 Битола П.П.Његош бб  Битола 047/242 499  071/309 652

Продавница “ Гладијатори 4 “  Ѓуро Ѓаковиќ  18/4  Скопје   02/60 90 440  072/274 259

Tyxo.bg counter